InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговците повеќе не ги пополнуваат полиците само со нискобуџетни опции – тие се натпреваруваат директно со веќе етаблираните брендови преку премиумизација, ексклузивни линии и иновации.
Приреди: Редакцијата на InStore
Приватните трговски марки многу напредуваа од тоа да бидат само економски алтернативи на глобалните и националните брендови. Во 2024 година трговските марки се дефинирани од иновацијата, квалитетот и одржливоста во малопродажбата, добивајќи популарност низ земјите во Европа и САД.
Трговците повеќе не ги пополнуваат полиците само со нискобуџетни опции – тие се натпреваруваат директно со веќе етаблираните брендови преку премиумизација, ексклузивни линии и иновации. Како што расте довербата на потрошувачите во приватните трговски марки, така расте и нивниот пазарен удел, а во некои региони тие бележат експанзија без преседан.
Пазарот на приватни етикети
Приватните трговски марки продолжуваат да ги освојуваат европските пазари. Пазарот на приватни етикети во Италија во 2023 година скокна за 800 милиони евра, достигнувајќи вкупна вредност од 14,5 милијарди евра. Сепак, пенетрацијата на италијанскиот пазар (31,7%) сè уште е далеку од други европски пазари, како што се Шпанија (48%), Германија (39,1%) и Холандија (43,3%). Истовремено, пазарите во развој во Источна Европа забрзано го следат ова темпо. Приватните трговски марки во земји како Романија, Грција и Србија годинава се проектира да достигнат 40% пазарен удел, со темпо што ги надминува и западноевропските земји.
Вкупниот пазарен удел на приватните трговски марки во Европа е 30%, а во САД нивниот удел во продажбата на трговските синџири изнесува 21%. Овој пораст не се заснова само на достапните цени – приватните трговски марки сега многу често се прв избор на потрошувачите, особено во време на економска несигурност.
Трговците се насочуваат кон приватните марки
Големите малопродажни синџири ја прошируваат својата понуда на приватни трговски марки со рекордна брзина. На пример, „Ахолд Делез“ воведе повеќе од 500 нови производи за само една година. Други малопродажни синџири, како што се „Лидл“, „Алди“ и „Карфур“, инвестираат во висококвалитетни премиум производи, кои се конкуренти во вистинска смисла на зборот со глобалните и националните брендови во вкусот, состојките, квалитетот и иновациите.
Според „Нилсен IQ“, глобалната продажба на приватни трговски марки во 2024 година ја надмина продажбата на глобалните и националните брендови за 2,5 пати. Овој брз пораст сигнализира јасна промена – трговските брендови повеќе не се само нешто што се додава на полиците; тие се во срцето на модерната стратегија на трговците.
Денес трговците ги користат своите брендови за да се диференцираат на пазарот. Со целосна контрола врз формулациите, дизајнот и цените, тие можат да создаваат уникатни производи што купувачите нема да можат да ги најдат на друго место.
Инфлацијата го поттикнува порастот
Економската состојба во 2024 година имаше големо влијание врз зголемената побарувачка за приватни трговски марки. Со инфлацијата што ги подигна трошоците низ целиот сектор, цените на трговските брендови се зголемија за 8%, но тие сè уште се за 20 до 30% поевтини од глобалните и националните брендови.
Неодамнешното истражување на јавната радиодифузна корпорација на Германија – SWR открива дека 60% од потрошувачите купуваат повеќе приватни трговски марки поради инфлацијата. Потрошувачите активно избираат трговски брендови не само за да заштедат пари, туку и поради зголемениот квалитет и доверба во понудата.
Оваа промена е аларм за глобалните и националните брендови – ерата на автоматска лојалност кон нив исчезнува, а купувачите што се ценовно чувствителни се насочуваат кон приватните трговски марки како прв избор.
Денес трговците ги користат своите брендови за да се диференцираат на пазарот. Со целосна контрола врз формулациите, дизајнот и цените, тие можат да создаваат уникатни производи што купувачите нема да можат да ги најдат на друго место.
Премиумизацијата е следната голема промена
Во текот на претходните години на приватните трговски марки се гледаше како на економска алтернатива. Но, денес, трговците ги редефинираат своите стратегии поврзани со нивните сопствени брендови, преминувајќи во премиум и специјализирани категории на производи.
Добар пример за тоа е „Алди зид“. Овој дисконтен малопродажен синџир покажува дека приватните трговски марки можат да се натпреваруваат по квалитет. Неодамнешните рангирања од „Штифтунг варентест“ – една од најдоверливите германски организации за тестирање на потрошувачки производи, потврдуваат дека приватните трговски марки на „Алди“ се на исто ниво или дури и подобри од водечките национални брендови.
Трговците, исто така, активно ги следат и растечките трендови за здравје и екологија. Органските, растителните и одржливите пакувања стануваат главни точки во брендирањето на приватните трговски марки. Со оглед на тоа што потрошувачите стануваат поосетливи на своите потрошувачки кошници, трговците реагираат со висококвалитетни, етички и иновативни производствени линии.
Спојувањата и аквизициите го обликуваат секторот
Сегментот на приватните трговски марки не само што расте, туку и се консолидира. Во тој контекст, една многу значајна зделка во индустријата беше тоа што швајцарскиот малопродажен гигант „Мигрос“ ја продаде компанијата за производство на тофу „Соу фајн фудс“ на австриската компанија „Д њу ориџинал компани“.
Аквизициите рефлектираат една поширока тенденција: трговците и производителите на приватни трговски марки се спојуваат за да го засилат снабдувачкиот синџир, да го зголемат производствениот капацитет и да ја засилат иновацијата. Како што побарувачката за приватни трговски марки продолжува да се зголемува, стратешките партнерства ќе бидат клучни за компаниите да останат конкурентни на пазарот.
Сегментот на приватните трговски марки не само што расте, туку и се консолидира.
Иднината на приватните трговски марки
Во која насока се движи пазарот на приватните марки? Во продолжение се неколку клучни прогнози за наредните години:
Важно е да се потенцира дека приватните етикети повеќе не се само алтернатива на глобалните и на националните брендови – тие ја обликуваат иднината на потрошувачката во малопродажбата. Индустријата за приватни трговски марки доживува значајна трансформација. Тие повеќе не се само „евтини алтернативи“, туку стануваат главна атракција, поттикнувајќи иновација, квалитет и ексклузивност. Со оглед на тоа што трговците ја преземаат целосната контрола врз своите брендови, сведоци сме на промена на однесувањето на потрошувачите – приватните трговски марки за нив не се само доверливи, туку и претпочитани.
За брендовите што сакаат да влезат во производство на приватни трговски марки, сега е вистинското време за дејствување. Индустријата е во подем, а препознавањето на вистинските производствени партнери е клучно за успех.
5 топ-трендови според „Нилсен IQ“
Побарувачката на приватни марки се зголемува – 50% од потрошувачите од целиот свет велат дека купуваат повеќе трговски брендови од кога било, покажува студијата на „Нилсен IQ“. Во извештајот „Mid-Year Consumer Outlook: Guide to 2025“, истражувачката компанија открива дека милениумците и потрошувачите од генерацијата Z имаат значителна промена во перцепцијата на приватните трговски марки.
Според „Нилсен IQ“, 5 топ-трендовите што го обликуваат пазарот на трговските брендови за 2025 година се:
Според анкета на „Нилсен IQ“, двапати повеќе милениумци (46%) и потрошувачи од генерацијата Z (46%) рекле дека се подготвени да потрошат повеќе на приватни трговски марки во споредба со 23% од бејби-бумерите, кои рекле дека не би потрошиле.
Со проектираниот пораст на потрошувачката моќ на генерацијата Z, која се очекува да достигне 12 билиони долари (11,6 билиони евра) до 2030 година, оваа група ќе биде клучен фокус за трговците и за производителите во иднина.
Купувачите сè повеќе ја откриваат уникатната вредност на приватните трговски марки што ги купуваат.
Според податоците на „Нилсен IQ“ за вториот квартал од 2024 година, продажбата на трговските брендови се зголемила за 5,6% за 12-месечен период. Додека регионите на Блискиот Исток и Африка (+34,3%) и Јужна Америка (+14,2%) покажаа најбрз пораст, глобалниот вредносен удел, исто така, се зголеми во овој период.
Трговските брендови денес исцрпно користат напредна аналитика на податоци за да ги разберат преференциите на потрошувачите и да ги предвидат трендовите на пазарот. Тоа им помага во оптимизацијата на асортиманот на производи за да се осигурат дека понудата на приватните трговски марки ќе биде конкурентна.
Дополнително, употребата на вештачката интелигенција (ВИ) и машинското учење во управувањето со снабдувачките синџири им овозможува на трговските брендови да испорачуваат производи со високо ниво на квалитет по пристапни цени, преку рационализација на операциите, намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста.
Потрошувачите денес го дефинираат поимот „попуст“ на сосема поинаков начин, вели Лорен Фернандес од „Нилсен IQ“, кој додава дека во многу аспекти теренот за натпревар меѓу приватните трговски марки и глобалните брендови е израмнет.
Според Фернандес, компаниите што го препознаваат демократизирањето на теренот сè повеќе се насочуваат да ги заработат парите на потрошувачите преку испорака на нешто повеќе. Денес потрошувачите не само што се заинтересирани, туку и се навикнати да очекуваат хибриден пристап за испорака на вредноста за нивните пари.
Ако сè уште се прашувате дали купувачот од вас очекува да испорачате квалитет, иновација, одржливост, достапност и сл., одговорот на сите овие прашања е *да***, истакнува тој.
Сè повеќе купувачи денес користат мобилни страници за пазарење за да ги истражат производите додека купуваат во продавница.
Сфаќајќи го потенцијалот на оптимизираните веб-страници за производите, трговците почнаа да ја забрзуваат омниканалната присутност преку инвестиции во искуството на приватните трговски марки на дигиталните полици.
За да ги задоволат различните преференции и навики на купување, трговските брендови работат на беспрекорна интеграција на каналите, осигурувајќи доследност во достапноста на производите, цените и промоциите преку онлајн-платформи, мобилни апликации и во физичките продавници.