
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Производителите на храна и пијалаци во Велика Британија ја намалиле содржината на сол, шеќер и калории во брендираните производи за речиси една петтина во последните пет години, покажува новото истражување објавено од Организацијата за храна и пијалаци (FDF).
Резултатите од најновиот извештај „Shaping a Healthier Future“ покажуваат дека производите на членките на FDF сега содржат 18 проценти помалку сол, 19 проценти помалку шеќер и 17 проценти помалку калории во британската малопродажба во споредба со 2021 година.
Податоците укажуваат и на значително подобрување на нутритивниот профил на брендираните производи. Според владиниот модел за проценка на нутритивниот квалитет (Nutrient Profiling Model – NPM), просечната оценка на производите на компаниите членки на FDF е подобрена за 13 проценти во периодот од 2021 до 2025 година, намалувајќи се од 3,8 на 3,3. Според моделот, пониските оценки означуваат поздрави производи, додека производите со оценка над четири се сметаат за „помалку здрави“.
Од FDF посочуваат дека овие резултати се плод на долгогодишни инвестиции во реформулација на производите и развој на поздрави алтернативи. Само во 2024 година производителите инвестирале меѓу 167 и 200 милиони фунти во истражување и развој насочени кон поздрава понуда.
Извештајот наведува и конкретни примери на подобрување на производите кај големите производители.
Kellogg’s ја намалил вкупната содржина на шеќер во линијата All-Bran за 17 проценти од 2024 година наваму, притоа задржувајќи ја содржината на влакна и витаминската вредност.
Во меѓувреме, „Данон“ Велика Британија и Ирска го завршил тригодишниот процес на реформулација со кој содржината на шеќер во линиите Core и Triple Action Actimel е намалена за девет проценти, со што сите производи од брендот Actimel сега содржат помалку од 10 грама шеќер на 100 грама производ.
„Премиер Фудс“ исто така ја претстави линијата Mr Kipling Delicious & Light, развивана во период од три години. Производите од оваа линија содржат 30 проценти помалку шеќер, помалку масти и сол, како и значително повеќе растителни влакна во споредба со традиционалните колачи.
Според FDF, овие резултати покажуваат дека индустријата продолжува да инвестира во развој на поздрави производи, одговарајќи на сè поголемата побарувачка на потрошувачите за поквалитетна и поурамнотежена исхрана.