
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Реве група“ за првпат во 2025 година надмина 100 милијарди евра приходи, достигнувајќи 100,4 милијарди евра, што претставува раст од 4,0% во однос на 96,5 милијарди евра една година претходно.
„Пени“ во Германија оствари раст на приходите од 0,7% на 9,9 милијарди евра, додека „Пени Интернешнл“, кој работи во Италија, Австрија, Романија, Чешка и Унгарија, ги зголеми приходите за 6,3%, на 8,6 милијарди евра.
Продавниците на „Реве“ во Германија ги зголемија приходите за 3,0% на 32,4 милијарди евра, додека продавниците „Била“, „Бипа“ и „Адег“ во Австрија остварија раст од 2,0%, на 8,2 милијарди евра.
Со повеќе од 1,5 милијарди евра, EBITA за 2025 година беше под нивото од претходната година, главно поради планирани вложувања во програмата за лојалност, како и зголемени трошоци за вработени и останати значајни неперсонални трошоци, соопштија од компанијата.
Консолидираната нето-добивка за годината изнесуваше 525 милиони евра, во споредба со една милијарда евра една година претходно.