InStore Logo
Скопје маркетинг самит

Скопје маркетинг самит

Skopje Marketing Summit е регионална конференција посветена на маркетингот, брендирањето и комуникациската индустрија. Настанот ги обединува маркетинг-професионалците, креативците, претставниците на компании и експертите од регионот со цел размена на знаење, идеи и искуства.

Преку предавања, панел-дискусии и презентации, учесниците имаат можност да се запознаат со најновите трендови во маркетингот, дигиталните комуникации, брендинг-стратегиите и развојот на современите медиуми. Конференцијата носи искуства од успешни практики и инспиративни приказни од експерти со долгогодишно искуство во индустријата.

Skopje Marketing Summit се организира во соработка на магазинот InStore Македонија и партнерските организации, со цел да се поттикне развојот на маркетинг-индустријата и да се создаде платформа за вмрежување и професионална соработка во регионот.

Скопје маркетинг самит
KONFERENCIJE
2026
2022
2021
КОНТАКТ

ДРП „Кликер маркетинг“,

ул. „Димитар Беровски“, бр. 9,

1000 Скопје

ЗА НАС

InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.

Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.

InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.

NEWSLETTER

Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.