.webp&w=1920&q=100)
Добар производ не е доволен ако нема добра приказна, ако нема карактер и јасен став. А тоа се добива само со сериозно размислување на самиот почеток.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Добар производ не е доволен ако нема добра приказна, ако нема карактер и јасен став. А тоа се добива само со сериозно размислување на самиот почеток.
Пишува: Верица Мартиновска, директорка на InStore.mk
Сè почнува со празно платно. Немате име, немате пакување, немате следбеници на социјалните мрежи. Само производ — и чувство дека вреди. Но, како се гради нешто повеќе од тоа? Како да се создаде бренд што ќе се памети, ќе комуницира, ќе се избере меѓу десет други на полица?
Добар производ не е доволен ако нема добра приказна, ако нема карактер и јасен став. А тоа се добива само со сериозно размислување на самиот почеток.
Кога се гради бренд од нула, првиот чекор не е „ајде да видиме како ќе изгледа“, туку „ајде да разбереме што сакаме да кажеме“. Всушност, што претставува овој производ? Зошто постои? Кој стои зад него и за кого е создаден?
Брендот не е „шминка“, не е само одличен визуелен изглед. Тој е став. Начин на кој производот ќе постои и ќе се развива во потрошувачкиот свет. А кога однапред не е јасно зошто постои, секој следен чекор е само лепење на етикети врз нешто што сè уште нема суштина.
Секако, овој процес не мора да биде тежок или претенциозен. Но, мора да биде структуриран. Токму затоа, пристапот секогаш треба да почнува со поставување ориентација — со копање под површината, сè додека не се појави јасна слика: еве што сакаме да бидеме, за овие луѓе и на овој начин.
Само тогаш, кога ќе се има чувство дека може да се раскаже приказната за брендот со неколку реченици, доаѓа време за дизајн. А тогаш и дизајнерите лесно знаат што треба да прават.

Azbooka: Од збор до бренд
Најтешко е да се создаде нешто што изгледа едноставно. Така беше и со Azbooka – бренд за ракија кој од самиот старт имаше амбиција да биде нешто што вреди да се раскажува.
Клиентот дојде со идеја да произведува ракија од висок квалитет, со фокус на помладата публика, на нова генерација, но сепак задржувајќи ја и традицијата која ја има ракијата како пијалак – но сето ова без патетика. Сакавме да изградиме бренд што не се плаши од својот локален карактер, но кој ќе е современ, модерен, храбар и искрен.
Првиот чекор беше да не брзаме со име и визуелно решение. Седнавме и разговаравме – што навистина претставува оваа ракија? Што значи кога ќе речеме дека нешто е „наше“? Дали зборуваме за вкусот, за ритуалот на пиење, за муабетите што ги отвора?
Од овие прашања се роди првиот увид: дека најголемата вредност на производот не е само во содржината, туку контекстот. Ракијата како азбука – како еден од симболите на културно кодирање на нашата средина, на домашноста, па дури и на јазикот. Така дојде и името: Azbooka. На прв поглед познато, а на секој следен – нешто сосема ново.
Во таа насока го осмисливме и слоганот „Ракија by the book“ – водејќи се од културолошкото значење на пијалакот, како и неговата „моќ“ на зближување на луѓето и т.н. „отворање на душата“ , раскажувањето на приказна беше една од главните поврзувања кои ги направивме меѓу тоа што значи ракијата и што треба да значи Azbooka. Токму затоа се одлучивме овој наш нов бренд да го врземе со раскажувањето приказни, by the book.
Ниту името, ниту слоганот не се само игри на зборови, туку дефинираат начин на производство, избор и доживување што го обединува старото со новото. Слоганот ја надополнува приказната на името, ставајќи акцент на тоа дека производот се прави според занаетчиски принципи, со строго почитување на квалитетот, но на начин што зборува на јазикот на денешната генерација. Оттаму, целиот бренд се изгради со јасна и прецизна логика!
Со текот на времето, Azbooka не стана само име – стана став. Потрошувачите ја препознаа искреноста и почнаа да го гледаа брендот како нешто свое. А тоа е најдобриот можен резултат.

Клучот е во доследноста
Изградбата на бренд не е спринт, туку трка на долги патеки. Дури и кога имаш добро име, добар дизајн, добра амбалажа – ништо од тоа не функционира ако нема доследност. Брендот се гради со секоја објава, со секоја интеракција со купувачот.
Во Кликер веруваме дека маркетингот не е само промоција, туку градење релации. Ако му пристапиш на брендот како на жива приказна – со почеток, развој и визија – шансите за успех се далеку поголеми.
Изградбата на бренд од нула не е прашање на голем буџет или совршен тајминг. Тоа е прашање на визија, дисциплина и автентичност. Ако се знае зошто се прави тоа што се прави, ако се има јасен став без страв да се комуницира со свој глас – луѓето го препознаат производот.
Брендот не е логото, ниту пак само производот. Тоа е впечатокот што се остава, вредностите што брендот ги носи и емоцијата што ја предизвикува. А тоа се гради чекор по чекор, доследно и искрено.