
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Специјално за InStore, „Фокус“ направи анализа на промоциите на категоријата здрава и органска храна во првиот квартал од 2025 година во споредба со истиот период од лани. Годишните анализи на пазарот што „Фокус“ ги прави врз основа на учеството на б
Специјално за InStore, „Фокус“ направи анализа на промоциите на категоријата здрава и органска храна во првиот квартал од 2025 година во споредба со истиот период од лани. Годишните анализи на пазарот што „Фокус“ ги прави врз основа на учеството на брендовите во летоците овозможуваат интересен преглед на категориите.
Извор: „Фокус рисрч“
Анализите даваат приказ на промотивната активност на поткатегориите и брендовите во летоците на одредени трговски синџири. Освен тоа, се анализираат и промотивните цени преку развојот на максималната, промотивната и минималната цена на одредени производи. Анализите на „Фокус“ даваат одговори на прашања интересни за компаниите од FMCG-секторот, меѓу кои се трендовите на македонскиот пазар и каква е состојбата на промотивните активности.
Категории
Во анализата на поткатегориите што „Фокус“ ја направи, за првиот квартал од годинава, наспроти истиот период лани, агенцијата зеде 7 поткатегории. Од дадените на графикон 1 се гледа дека и понатаму најогласувани во летоците се овесните каши иако нивната промотивна активност во анализираниот период останува иста (21%). Муслите се зад нив со 18,8% годинава, во споредба со 17,2% лани, додека нешто поголем пораст бележат житните/овошни барови од 13,5% лани на 16,5%. Растителното млеко бележи пад, лани имало 21% промотивна активност, додека годинава 16,2%, а пад бележат и житариците за појадок од 16,1% лани на 13,8% годинава. Другите поткатегории може да ги погледнете на графиконот 1.

Брендови
На графикон 2 „Фокус рисрч“ дава приказ на промотивната активност на брендовите во првите три месеци од годинава наспроти истиот период лани. Кога се однесува на здравите и органски производи, Vitalia и годинава го презеде лидерството, со промотивна активност од 26,4%, која е иста со истиот период лани. Boom box годинава бележи пораст, од 4,4% на 9,6%, а сличен пораст бележи и Go on protein од 4,9% лани на 9% годинава. Fun&Fit бележи намалување на промоциите од 7,3% лани на 5,9% годинава, а намалување има и кај Nestlé Corn flakes (од 5,2% на 2,9%).

Учество на производителите во малопродажните синџири Анализата на „Фокус“ го испитува и присуството на водечките производители во летоците на индивидуални трговски синџири – „Тинекс“, „Веро“, „Рамстор“, „Жито“, „Зур“, „Кам“ и други, во првите три месеци од годинава. Во продолжение ги даваме првите пет трговци според процентот на промотивната активност на производителот.
Производите на „Виталиа“ најчесто можат да се најдат во летоците на „Атва“ со 100%, со 50% во „Гиго трејд“ и со 44,4% во С53. Категориите од здравата програма „Нестле“ најмногу ги огласува во летоците на „Киппер“ со 62,5%, потоа во „Унимак 95“ со 25% и во С53 и „Рептил“ со 22,2%. „Санте“ е застапен со 20% во „Дим“ и со 19,4% во „Супер Кит-Го“ и „Кит-Го“.
Производите на „Фан&Фит компани“ со 27,7% се застапени во „Жито“, со 8,7% во „Тинекс“ и со 4,8% во „Веро“. Производите на „Имлек“ се застапени во летоците на „Зур“ со 20%, во „Жито“ 6,8% и во „Супер Кит-Го“ и „Кит-Го“ со 6,45%.

Поскапи ли здравата храна?
„Фокус рисрч“ нуди и анализа на движењето на цените на голем број категории и производи. Притоа го анализира развојот на промотивните цени, односно просечната, максималната и минималната цена. За овој број на InStore ги анализира цените на овесните каши и на растителните млека. Анализата е направена за првите три месеци од годинава наспроти истиот период лани (графикон 4).

Минималната цена на овесните каши (500 г) бележи намалување од 49 лани на 36 денари годинава. Намалување се забележува и кај другите промотивни цени што ги анализира „Фокус рисрч“: максималната цена од 139 денари лани на 119 денари годинава и просечната цена од 75,83 денари лани на 73,40 денари годинава.
Минималната цена, пак, кај растителното млеко од 1л останува иста – 62 денари. Поголемо намалување се забележува кај максималната цена, од 225 денари лани на 189 денари годинава, како и кај просечната цена, од 135,24 денари лани на 132,52 годинава.
„Фокус рисрч“ е една од водечките агенции за истражување на пазарот во Европа. Агенцијата функционира во 35 земја и има повеќе од 970 клиенти низ цела Европа. „Фокус“ квантитативно ги истражува и ги анализира сите промотивни активности и на македонскиот пазар, а своите клиенти ги обезбедува со информации преку интернет-база на податоци, персонални извештаи и секојдневни билтени.
Контакт: Мелани Ципот, директор за продажба за Србија, Словенија, Македонија, Црна Гора и БИХ Е-пошта: m.cipot@focusmr.com Телефон: +386 41 741 349 Телефон: +381 61 135 0126