
Ви претставуваме преглед на огласувањето на категориите и брендовите на ТВ-станиците во Македонија и во Косово. Извор за овие податоци е „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Ви претставуваме преглед на огласувањето на категориите и брендовите на ТВ-станиците во Македонија и во Косово. Извор за овие податоци е „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија (www.agbnielsen.net). На ниво на македонскиот пазар „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ е единствениот мерач на телевизиска гледаност избран од Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Р. Македонија.
Пишува: Благородна Вревезовска, оддел за односи со клиенти, „Ниелсен“ - Македонија и Косово, blagorodna.georgievska@nielsen.com
Иако медиумските навики се менуваат, телевизијата и понатаму ја задржува водечката улога во досегот до најшироката публика. Овие анализи им овозможуваат на брендoвите паметно да ја искористат секоја секунда од рекламниот простор и да го претворат во максимален ефект – поголема видливост, поголема препознатливост и посилен имиџ.
Анализите за Македонија се правени на Live + As Live Activity – тоа се секојдневни рејтинзи кои опфаќаат реално гледање телевизија во живо + рејтинзи од одложено гледање телевизија како во живо на ТВ-содржини во текот на истиот ден кога се емитувани, но не се гледани во живо во времето на емитување. На пример, на одреден канал X се емитуваат вести во 9 часот наутро, гледачот/корисникот ги гледа истиот ден, но не во времето кога се емитувани во живо, преку снимање или ТВ-тека (опции што ги нудат ТВ-провајдерите во земјата).
Варијаблата по која се правени извештаите е Eq.GRP и нивниот удел. GRP (Gross rating point) е збор на рејтингот на секој индивидуален рекламен спот, а Eq.GRP (Equivalent Gross rating point) или 30 секунди GRP е еднакво на рејтингот кој би се остварил кога должината на рекламниот спот би била 30 секунди. Секој производ има своја целна група, а за да се направи споредлива анализа, потребно е за целата категорија каде што тој производ припаѓа да се избере една или повеќе целни групи. Сите извештаи се правени на целна група тотал индивидуалс (Македонија 4+ – сите индивидуи на ниво на цела земја од 4-годишна возраст нагоре). Се разбира дека анализите би биле поинакви кога би се направиле на други целни групи, како на пример: сите 18-49, жени 20-50 и други.
За специјалното издание MUST HAVE, „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ направи анализи на телевизиската активност според категории, од каде што се добиени најрекламираните огласувачи и брендови. Анализата е направена за периодот од 1.1.2025 до 30.11.2025 година на ТВ-станиците Сител, Канал 5, Алфа, Телма и Алсат М.
Ги анализиравме категориите рангирани според бројот на инсертации. Во анализираниот период најогласувана е категоријата перење и одржување на облека и садови (38.457 инсертации), исто како лани, кога имала поголем број инсертации – 48.425. Зад оваа категорија се најдоа банките и банкарските услуги кои не бележат промена во бројот на инсертации (34.105 – 2024 и 34.107 – 2025 година). Во првата петорка се категориите: слатки (33.127 – 2024 и 28.692 – 2025 година); телекомуникациските компании (28.729 – 2024 и 28.621 – 2025 година) и козметика за коса (27.412 – 2024 и 18.589 – 2025 година).
Анализата оди еден чекор понапред, па така, во табела 1 се дадени компаниите кои најмногу се огласуваат на ТВ. Анализата е дадена според бројот на инсертации, во периодот од 1.1.2025 до 30.11.2025 година

Според бројот на инсертации може да се види и кои брендови најмногу се рекламираат на ТВ. Период на анализа е 1.1.2025 до 30.11.2025 година. Нив може да ги погледнете на табелата 2.

Од друга страна, доколку се анализираат брендовите според GRP, во истиот период, листата изгледа малку поинаку. Таа е дадена на табела 3.

Извештаи за ТВ-сцената на Косово
„Нилсен“ им обезбедува на огласувачите, агенциите и сопствениците на медиуми слика на целиот конкурентски пазар, мониторирајќи: кој се рекламирал - на кој медиум - колку чинела кампањата - колку реклами и кои формати на реклами биле емитувани на ТВ. Со услугата се опфатени најважните ТВ-станици во Косово: РТВ21, РТК1, Клан Косова, АТВ, КТВ, Дукагини и Т7. Официјален претставник на „Нилсен“ за локална продажба на пазарот и партнер е „Пикаса“ – www.pikasa.ai
Анализите се прават со помош на најсофистицираната и најнапредна алатка во процесот на иновации за софтверски анализи на „Нилсен“ – АРИАНА.
„Нилсен“ прави анализа на најогласуваните огласувачи (табела 4) и на најогласуваните брендови (табела 5) според бројот на инсертации, за периодот од 1.1.2025 до 30.11.2025 година.


Извор за овие податоци се Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија Скопје и „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија (www.nielsen.com), единствениот мерач на телевизиска гледаност на ниво на земјата избран од Стопанската интересна заедница (СИЗ) - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија, Скопје. СИЗ е единствен сопственик на податоците за телевизиската гледаност во земјава и го координира електронското мерење на телевизиската публика во Република Македонија со цел да го унапреди квалитетот на електронското мерење на медиумската публика. Како заедница, формирана е од петте национални терестријални телевизиски станици: „Алсат-М“, „Канал 5“, „Сител“, „Телма“, „Алфа“ и Македонската асоцијација на комуникациски агенции (Агенции за маркетинг) МААМ Скопје. Стопанската интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија ги промовира идејата, создавањето и развојот на заедницата, транспарентноста на сите полиња поврзани со мерењето на медиумската публика, знаењето за најдобра практика во мерењето на медиумската публика и истражувањето на националните пазари за рекламирање. Таа претставува центар за информирање за мерењето на публиката во Македонија. За остварување на дејноста и целите, СИЗ Комитет за мерење на публиката во Република Македонија, Скопје ја избра „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија како агенција која ќе го спроведе електронското мерење на публиката во земјава за период од седум години.
„Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Mакедонија (www.nielsen.com) има поставено панели во повеќе од 30 земји на пет континенти, што ја прави прв глобален провајдер за мерење на телевизиската гледаност (Television Audience Measurement – TAM). Мерењето на телевизиската гледаност со употребата на пиплметарот од системот TAM во досегашната употреба се покажа како најуспешен и најпрецизен начин за добивање информации во Европа и во светот. Успехот е најголем во прецизноста на добивање податоци за програмското и за комерцијалното гледање, прикажано минута по минута, секој ден, 365 дена во годината. „Ниелсен АМ“ има големо успешно искуство во поставувањето пиплметри од системот TAM низ целиот свет. Не постои ниту еден друг провајдер со таква услуга во светот што има можност за одржување на системите во различни средини и култури. Освен во Македонија, „Ниелсен“ има операции и во регионот: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.
„Нилсен“ е единствена компанија која 100% е посветена на обезбедување висок квалитет на ТАМ услуги. Оваа обврска за извонредност во овој сегмент од пазарот веруваме дека е резултат на лидерската технологија, супериорната услуга на клиенти и глобалната стандардизација.