
Три четвртини од вработените и компаниите се погодени од економската криза предизвикана од ширењето на Ковид-19. Состојбата кај самовработените и микро-бизнисите е дополнително критична.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Три четвртини од вработените и компаниите во Северна Македонија се погодени од економската криза предизвикана од ширењето на Ковид-19. Состојбата кај самовработените и микро-бизнисите е дополнително критична.
Најчест механизам што го примениле работодавачите за приспособувањето на корона-кризата е намалување на платата и прекинување на секакви дополнителни исплати. Невработените изгубиле надеж дека ќе најдат работа, а доходот во нивното домаќинство се намалил. Ова се дел од резултатите добиени од интернет-анкетата спроведена од „Фајнанс тинк“ во периодот од 6 до 14 април 2020 година, на хетероген примерок од 520 испитаници
Според резултатите од анкетата, повремените приходи прекинале кај невработени со инцидентни работни ангажмани. Најголем дел од населението може да издржи најмногу до три месеци во тековните економски околности, а главниот механизам за справување со економската криза е сведување на потрошувачката на минимум.
75,9% од испитаниците одговориле дека компанијата во која работат е погодена од корона-кризата. Со анкетата се испитуваа перцепциите на граѓаните, за одбележување е и дека 12,8% од испитаниците одговориле дека не знаат дали корона-кризата ја погодила компанијата во која работат. Од испитаниците кои одговориле дека компанијата во која работат е погодена од корона кризата, голем дел одговориле дека тоа е поради мерките на државата со кои се наложи затворање на одредени компании (на пример, компании од малопродажбата кои оперираат во трговските центри) и/или затоа што нивниот промет значително опаднал.
Значаен е и процентот на компаниите кои имале проблем да ги пласираат своите производи, и тоа најчесто се однесува на извозно-ориентираните компании, чиј пласман беше откажан од купувачите (вклучително и од компаниите мајки) во странство и/или кои беа засегнати од отежнатиот транспорт.
Поважниот економски ефект од корона-кризата, кога тој се мери од перспектива на вработените, е како таа се одразила врз нивниот работен однос. 78,3% од вработените одговориле дека со корона-кризата се погодени лично. Најчесто работодавачите на кризата одговориле со намалување на платата на вработените (25,6%), но одговори од слична големина се и соопштувањето дека веројатно ќе следува намалување на платите и/или отпуштања, како и запирањето на дополнителните примања. Ова покажува дека првиот одговор на работодавачите на корона-кризата веројатно не бил отпуштање работници. Сепак, 10,8% од вработените одговориле дека биле отпуштени од работа.
90% од самовработените се погодени од ширењето на Ковид-19
За разлика од вработените, самовработените (без оглед дали станува збор за самостоен вршител на дејност или самовработен кој вработува и други лица), се особено тешко погодени од корона-кризата, со оглед дека 89% од нив изјавиле дека таа го погодила нивниот микро-бизнис. Микро-бизнисите се соочиле со значаен пад на прометот (54,9%), и/или со привремено затворање (49,3%). Значаен дел од микро-бизнисите посегнале по заштеди (18,3%).
Извор: „Фајнанс тинк“