
Додека трговците и производителите продолжуваат со ценовните битки, на малопродажната сцена се појавуваат компании што за стимулирање на лојалноста...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Додека трговците и производителите продолжуваат со ценовните битки, на малопродажната сцена се појавуваат компании што за стимулирање на лојалноста на потрошувачите и за поттикнување на купувањето, трагаат по нови додадени вредности.
Автор: Хариет Коен, сениор аналитичар за малопродажба, ИГД
Според прогнозите на ИГД, постојат пет двигатели кои се предвидува дека ќе внесат динамика на додадена вредност во текот на 2015 година и понатаму.
1.Нови оброк-решенија
Се забележува зголемување на бројот на компаниите што се стремат да обезбедат избор од квалитетни решенија, кои би биле совршен оброк за купувачите.
Животот на купувачите на многу пазари станува сè подинамичен и побрз, а тоа отвора нови можности за инспирации, иновации и за нови прифатливи решенија за консумација на дневните оброци. Овој процес ќе продолжи да се забрзува, а ќе биде засилен и од развојот на новите интернет-идеи за достава.
2.Помогнете им на луѓето да бидат поздрави!
Здравиот начин на живот и понатаму е на врвот од листата на приоритети, а трговците сè повеќе го вклучуваат во својата агенда како составен дел од стратегијата, што ги храни со дополнителни сила и влијание.
3.Вклучете го купувачот во процесот!
Вклучувањето на купувачот во развојот на брендот станува сè попопуларно.
Придобивањето купувачи, кои се вклучени во производствениот процес и во новиот процес за развој на производите, е одличен начин, на кој трговците и производителите ќе го покажат високото мислење за нив. А тоа ќе биде уште подобро, ако се зачини со многу забава...
4.Бидете (по)локални!
Локалните извори сè повеќе добиваат значење за трговците, производителите и за купувачите.
Постои континуирана можност за трговците да продрат што подлабоко во локалните заедници. Користејќи ги овие параметри, локалното значење се издигнува како еден од клучните фактори за успех на малопродажбата.
5.Значењето на времето и на местото!
Истакнувањето на значењето на времето и на просторот како тактика за продажба, станува сè позначајно, особено за прехранбените продавници и за рестораните.
Чекирањето на одредено место и во одредено време, на трговците им овозможува подобро да ги запознаат особеностите и потребите на одредена целна група, а на тој начин подобро го запознаваат и пазарот.