
Во рамките на редовните годишни истражувања за купувачките навики, ГфК го спроведе синдицираното истражување GfK Shopping Monitor®...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во рамките на редовните годишни истражувања за купувачките навики, ГфК го спроведе синдицираното истражување GfK Shopping Monitor®. Оваа година истражувањето беше спроведено регионално од канцелариите на ГфК во јадранскиот регион. Во продолжение ќе го претставиме профилот на македонскиот купувач во поглед на купувањето храна и други производи за широка потрошувачка.
Автор: Боге Божиновски, директор за продажба, boge.bozinovski@gfk.com
Одговорајќи на сопствените навики при купување, речиси половината од испитаниците (48%) одговориле дека прават листа на производите што треба да ги купат пред да отидат на продажното место. Сепак, половината од нив изјавиле дека купуваат повеќе одошто им е потребно и исто толкав процент изјавиле дека купуваат приватни марки, што е значителен скок во однос на процентот луѓе кои минатата година изјавиле дека купуваат приватни марки (40%).
Само 4% од купувачите изјавуваат дека се меѓу првите кои купуваат нов производ кога ќе се појави на пазарот, односно дека сакаат да експериментираат со нови производи, додека четвртина од купувачите се консултираат со своите партнери кога прават набавки на производи за широка потрошувачка.
Купувањето е уживање за 19% проценти од сите купувачи, додека 23% изјавиле дека сакаат да си одвојат време кога одат во маркетите за прошетка и за разгледување на понудата на производи. 16% од купувачите изјавуваат дека секогаш се во потрага по производи на попуст, а интернет-пазарувањето сè уште е ниско застапено со само 0,4% испитаници кои изјавиле дека прават интернет-пазарување на производи за широка потрошувачка.
Повеќе прочитајте во печатеното и електронското издание на InStore бр.12