
Ковид-кризата алармираше дека е потребно зголемување на домашното производство на храна и поддршка на домашните производители. Токму затоа се прашавме: Каде одат македонските производи?
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Ковид-кризата алармираше дека е потребно зголемување на домашното производство на храна и поддршка на домашните производители. Токму затоа се прашавме: Каде одат македонските производи? Каква е состојбата на македонските брендови на домашниот и на странските пазари? Кои се нивните предизвици и можности?
Одговорите на прашањата ќе ги откриеме во мартовското издание на магазинот, во рубриката Тема на InStore.
Очекувајте богата содржина:
Анализа на InStore. Преку бројки ќе ја прикажеме сликата на македонските производи и брендови, ќе понудиме препорака за можностите за надминување на проблемите предизвикани од ковид-кризата.
Истражување за македонските брендови што специјално за InStore го подготви истражувачката агенција Ипсос. Во него ќе ја прикажеме состојбата на македонските наспроти брендовите од регионот.
Ќе ви понудиме стручни мислења, препораки, изјави...
Бидете препознатливи и видливи покрај богатата содржина. Вклучете се и вие со вашите огласни решенија и ПР-текстови. Повеќе информации на meri@instore.mk или srme@instore.mk