
„Лидл“ и „Алди“ известија за благ пораст на побарувачката за хигиенски производи
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кога на почетокот на годината се прошири пандемијата од коронавирусот во Европа, тоалетната хартија преку ноќ стана еден од најбараните продукти во продавниците. Поради зголемениот број на заразени, Германците во последните неколку денови повторно почнаа панично да купуваат тоалетна хартија.
Со оглед на тоа што во Германија деновиве е забележан рекорден пораст на бројот на новозаразени (во еден ден 7.334, а починати 24 лица), трговските синџири „Лидл“ и „Алди“ известија за благ пораст на побарувачката во продавниците.
Во овој момент во продавниците се забележува благ пораст на побарувачката на одредени производи, како што е тоалетната хартија, кажа портпаролот на „Алди“.
И од „Лидл“ известија дека во некои делови од земјата е забележана зголемена побарувачка за хигиенски производи.
Се чини дека стравот од нов целосен карантин повторно ги охрабри германските купувачи на т.н. „панично купување“, пренесоа тамошните медиуми. Предупредувањето од баварскиот премиер Маркус Содер дека земјата е поблиску до второ целосно затворање отколку што некој би сакал да признае, кај Германците рефлексно ја поттикна потребата за снабдување со тоалетна хартија и други поризводи со долг рок на траење.
И покрај извештаите за празни полици, од двата големи трговски синџири истакнуваат дека паничното купување во никој случај не е потребно.
По празнењето на полиците на кое бевме сведоци на почетокот од годинава, ги следиме промените во побарувачката за некои производи повнимателно од кога било досега за да осигуриме дека на нашите клиенти нема ништо да им недостасува, рече портпаролот на „Алди“.