
ММФ за оваа година прогнозираше пад на БДП и во сите држави од регионот
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во ажурираниот извештај во октомври проценува дека македонската економија годинава ќе ја заврши со пад на домашниот бруто-производ од минус 5,4 отсто што е зголемување во однос на априлските проекции кога се предвидуваше пад од минус 4 отсто.
За идната 2021 година ММФ предвидува раст на македонскиот БДП од 5,5 отсто, што е исто така полошо во однос на април кога се предвидуваше раст од 7 отсто.
Очигледно, лошите резултати во вториот квартал кога економијата забележа рекорден пад од 12,7 отсто влијаеја и на овие процени на ММФ во очи на годишните средби што се одржуваат месецов.
Во најновиот економски преглед ММФ прогнозира дека растот на БДП во 2025 година во нашата земја ќе иззнесува 3,5 отсто.
Во однос на групата економии во развој и во појавување во Европа, каде што е сместена заедно со уште други 15 земји (Албанија, Белорусија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Турција и Украина), Македонија според овие наајнови процени е некаде на средината.
ММФ за оваа година прогнозираше пад на БДП и во сите држави од регионот. Според ММФ, БДП на Хрватска ќе падне на 9 отсто, на Албанија и Косово по 7,5 отсто, на БиХ 6,5 отсто и во Србија од 2,5 отсто.
ММФ смета на намалување на светскиот БДП за 4,4 отсто, односно 0,8 отсто помалку од проценките соопштени во јуни.