
Успешно заврши првата онлајн-работилница на тема „Логистиката во 1 клик“, одржана на 10 и 11 март, на која учествуваа 23 учесници од 16 компании.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Успешно заврши првата онлајн-работилница на тема „Логистиката во 1 клик“, одржана на 10 и 11 март, на која учествуваа 23 учесници од 16 компании.
Инспирацијата за онлајн-работилницата Зрилиќ ја доби од патентот на „Амазон“ – Нарачување во еден клик. Според него, нарачувањето во еден клик е едноставно, но зад извршувањето на нарачката стои логистика која мора да го одреди сето тоа што е нарачано онлајн, во неколку кликови.
Во текот на двата дена, 10 и 11 март, додека траеше онлајн-работилницата, Антонио Зрилиќ внимателно ја сецираше логистиката за да покаже што сè е потребно за да се дизајнира логистика во еден клик.
Oнлајн-работилницата ја следеа 23 учесници од 16 компании, 11 градови и 4 држави. Од Македонија учествуваа претставници од „Кам“ и од „Лакталис“.
Серијалот Business Unusual with Antonio Zrilić го продолжуваме со нови и интересни теми. Подетални информации за секоја од нив, дополнително ќе објавиме.
Теми за наредни онлајн-работилници со Антонио Зрилиќ:
Cash-flow is king(на 23 и 24 март 2021 година)
Од стратегија до акција ( на 12 и 13 април 2021 година)
Отпорност VS. ефикасност на синџирот за набавка (на 27 и 28 април)