
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Ви претставуваме преглед на огласувањето на трговците на ТВ-станиците во Македонија. Извор на податоците е „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија (www.nielsen.com), избран од Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката
Ви претставуваме преглед на огласувањето на трговците на ТВ-станиците во Македонија. Извор за овие податоци е „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија (www.nielsen.com), единствениот мерач на телевизиска гледаност на ниво на Р. Македонија избран од страна на Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Р. Македонија.
Приреди: „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија (www.nielsen.com),
Анализите за Македонија се правени на Live + As Live Activity – тоа се секојдневни рејтинзи кои опфаќаат реално гледање телевизија во живо + рејтинзи од одложено гледање телевизија како во живо на ТВ-содржини во текот на истиот ден кога се емитувани, но не се гледани во живо во времето на емитување. На пример, на одреден канал X се емитуваат вести во 9 часот наутро, гледачот/корисникот ги гледа истиот ден, но не во времето кога се емитувани во живо преку снимање или ТВ-тека (опции што ги нудат ТВ-провајдерите во земјата).
Варијаблата по која се правени извештаите е Eq.GRP и нивниот удел. GRP (Gross rating point) е збор на рејтингот на секој индивидуален рекламен спот, а Eq.GRP (Equivalent Gross rating point) или 30 секунди GRP е еднакво на рејтингот кој би се остварил кога должината на рекламниот спот би била 30 секунди. Секој производ има своја целна група, а за да се направи споредлива анализа, потребно е за целата категорија каде што тој производ припаѓа да се избере една или повеќе целни групи. Сите извештаи се правени на целна група тотал индивидуалс (Македонија 4+) – сите индивидуи на ниво на цела земја од 4-годишна возраст нагоре). Се разбира дека анализите би биле поинакви кога би се направиле на други целни групи, како на пример: сите 18-49, жени 20-50 и други.
Во табела 1 е даден секторот трговија и кои сè трговци се опфатени во анализата во периодот од 1.1.2022 до 31.12.2022 за ТВ-станиците Сител, Канал 5, Алфа, Телма и Алсат М.
Табела 1: Огласување на категоријата, Македонија, од јануари до декември 2022 година

Во анализата ТОП-огласувачи во периодот од 1.1.2022 до 31.12.2022 за ТВ-станиците Сител, Канал 5, Алфа, Телма и Алсат М – (табела 2) вклучени се огласувачите што биле активни во периодот на кој се однесува анализата. Тие се рангирани по остварени Eq.GRP.
Табела 2: Топ-огласувачипо остварени Eq.GRP

Табела 3: Топ-брендови од секторот трговија. Анализиран период: од 1.1.2022 до 31.12.2022

Извештаи за ТВ-сцената на Косово
„Нилсен“ им обезбедува на огласувачите, агенциите и сопствениците на медиуми слика на целиот конкурентски пејзаж, мониторирајќи: кој се рекламирал - на кој медиум - колку чинела кампањата - колку реклами и кои формати на реклами биле емитувани на ТВ. Во моментов шест од најважните ТВ-станици се опфатени со оваа услуга: РТВ21, РТК1, Клан Косова, КТВ, Дукаѓини, АТВ и Т7. Официјален претставник на „Нилсен“ за локална продажба на пазарот и партнер е „Пикаса“ – www.pikasa.ai
Анализите се прават со помош на најсофистицираната и најнапредна алатка во процесот на иновации за софтверски анализи на „Нилсен“ – АРИАНА.
Во продолжение може да ја погледнете табела 4 каде што се прикажани категориите во секторот трговија, додека во табела 5 се дадени ТОП-огласувачи по број на инсертации за периодот од јануари до декември 2022 година.
Табела 4: Огласување на категоријата, Косово, од јануари до декември 2022 година

Табела 5: ТОП-огласувачи по број на инсертации, Косово, од јануари до декември 2022 година
