
„Теди“ развива скалест и високофлексибилен малопродажен модел фокусиран на нискобуџетни, брзоротирачки непроизведствени категории.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Теди „го забрзува своето ширење низ Европа со скалест модел на дисконт базиран на откривање (истражување на понудата). Малопродажниот синџир користи атрактивни, нискобуџетни категории за да привлече потрошувачи и да поттикне импулсивно купување. Стратешките преземања дополнително го поддржуваат растот на домашниот, германски пазар.
Автор: Себастијан Ренак, меѓународен рителј аналитичар
„Теди“ развива скалест и високофлексибилен малопродажен модел фокусиран на нискобуџетни, брзоротирачки непроизведствени категории. Со повеќе од 2.000 продавници во Германија и над 3.300 низ Европа, компанијата влегува во нова фаза на експанзија. Во Полска, Теди планира до крајот на 2025 година да ја надмине бројката од 300 продавници, додека на европско ниво целта е мрежата да се прошири на 10.000 локации—што би значело повеќе од тројно зголемување на моменталното присуство.
Главната сила на концептот на „Теди“ продавниците лежи во создавањето на амбиент што поттикнува истражување и изненадување при купувањето.Асортиманот е внимателно селектиран со цел да се постигне висок степен на импулсивно купување. За разлика од конкурентите кои се фокусираат на длабочина на категориите, „Теди“ го става акцентот на широчината и новитетот, наместо на континуитетот. Модата има споредна улога – облеката и патната опрема заземаат помалку од десет проценти од продажниот простор.
Наместо тоа, првиот впечаток се гради преку боите и разновидноста. Артиклите за забави, декоративните предмети и материјалите за ракотворби се поставени на влезот и сочинуваат околу 13% од асортиманот. Овие впечатливи и ценовно достапни категории се клучни за идентитетот на брендот и се меѓу најпопуларните кај потрошувачите. Сезонските и декорациските целини низ целата година заземаат вкупно 25% од просторот и се позиционирани во предниот дел од продавницата со цел да ги привлечат потрошувачите подлабоко во просторот. Домашниот асортиман и текстилот — вклучително производи за кујна, бања и чистење — ја сочинуваат основата на понудата и заземаат 29% од просторот.
Преостанатиот дел од просторот е наменет за категории со помал удел, но со висока ротација, како што се производи за домашни миленичиња, играчки, „направи сам“, канцелариски и козметички производи — секоја од нив зазема само неколку проценти. За разлика од синџирот „Екшан“, прехранбените производи не играат стратешка улога во „Теди“ асортиманот.
Растот дополнително се поттикнува преку консолидација. На почетокот од 2025 година, Теди доби одобрение од германскиот Сојузен завод за заштита на конкуренцијата за преземање на повеќе од 80 продавници на регионалниот конкурент „Фенигпгеифер“, со што е зацврстена позицијата во источна Германија. Паралелно со тоа, компанијата се појави како потенцијален инвеститор во малопродажниот синџир „Депот“ што укажува на стратешки интерес за понатамошна интеграција на регионални актери во својата мрежа. Со развивање на продажен модел базиран на откривање и импулс, „Теди“ освојува пазарен удел од трговци од средна големина, додека истовремено избегнува канибализација во однос на другите дисконтни конкуренти од непроизводствениот сегмент.
Посета на продавница
Купувачите ги пречекува маскотата на „Теди“ во природна големина, создавајќи пријатна и разиграна атмосфера уште од самиот почеток. На влезот во продавницата е истакната ознаката „од 1 евро“, како инфлаторно прилагодена ценовна порака на брендот.
Голем дел од предниот дел на просторот го заземаат сезонските и целогодишните декоративни производи, засилувајќи го визуелниот ефект и поттикнувајќи импулсивна купување.
Асортиманот за градина, исто така, е позициониран на влезот, дополнително зајакнувајќи ја сезонската понуда и поттикнувајќи непланирани купувања.
Првиот премин во продавницата е резервиран за програмата за подароци, со што на купувањето му се дава весел тон.

Производите за прослави се поставени долж страничниот ѕид и претставуваат една од клучните категории, со јасно означени секции.

Асортиманот на еднократни садови и салфети е особено разновиден, шарен и пообемен отколку кај поголемиот дел од хипермаркетите.

Оваа локација спаѓа меѓу најголемите „Теди“ продавници во регионот, што овозможува проширен асортиман и специјални поставки.

Секцијата за ракотворби е една од најголемите во продавницата, со неколку стотици артикли, од кои многу се во ценовен ранг од 1 евро.

Во сите категории, артиклите со влезни цени се поставени на ниво на очи за дополнително истакнување на односот цена-вредност.

Крајните позиции (енд-кепови) се користат за основниот асортиман, а поголемите артикли се поставени на горните полици за подобра прегледност и ефикасност.

Во споредба со дисконтните конкуренти како „Екшан“ и „Волворт“, канцеларискиот материјал зазема значително повеќе простор.

На почетокот на канцеларискиот оддел се истакнати брендирани производи по конкурентни цени, со што се зајакнува имиџот на поволно купување.

Секундарните позиции се реализирани со помош на готови единици со отпечатени цени, според ефикасниот модел од прехранбениот сектор.

Опремата за изложување на производите, како куки и кошници, е внимателно оптимизирана за максимизирање на бројот на артикли по метар без нарушување на прегледноста.

Категоријата за дом ја сочинува основата на продавницата, со широка понуда на кујнски и домашни додатоци.

На крајот од продажниот пат се наоѓаат модни додатоци, позиционирани за спонтана куповка, според психологијата што важи и за одделот за ракотворби.

Секцијата со играчки, поставена при крајот на продавницата, е насочена кон помладите деца и малечките.
Последната полица пред касата содржи импулсивни прехранбени производи и пијалаци, вклучувајќи брендови што не се достапни во класичните супермаркети.

Продавницата завршува со две традиционални каси, со што се дефинира јасно и структуирано подрачје за наплата.
Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот. Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.