
Во FMCG-индустријата цената отсекогаш била доминантен фактор на фокус, а уште повеќе во последниве години.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во FMCG-индустријата цената отсекогаш била доминантен фактор на фокус, а уште повеќе во последниве години. Има многу причини. Пазарните и инфлаторните предизвици, нестабилната побарувачка, променливото однесување на потрошувачите и интензивната конкуренција го прават постигнувањето урамнотежена стратегија за цени уште посложена задача за компаниите.
Пишува: Кристијан Матијашевиќ, маркетинг-консултант, „Абнормал“, kristijan.matijasevic@abnormal.agency
Во текот на изминатите две години многу FMCG-брендови се потпираа на зголемување на цените за да го одржат порастот на приходите, но со оглед на сегашните услови, многу големи консултантски куќи нагласуваат дека оваа стратегија повеќе не е одржлива.
Еден од основните предизвици за компаниите е како порастот на обемот да стане главен придонесувач за порастот на приходите. Имено, „Беин & компани“ известува дека глобалната продажба на производите од FMCG пораснала за 7,5% во 2024 година, што е намалување од 9,3% во 2023 година и 9,8% во 2022 година. Овој пораст во 2024 година беше покренат со зголемување на цените, а не со волумен, со тоа што во минатата година 75% пораст е постигнат од цените, во споредба со дури 90% во 2023 година. Оваа стагнација на волуменот јасно укажува на тоа дека зголемувањето на цените веќе не е одржлива стратегија за пораст во 2025 година.
Со оглед на ова, FMCG-брендовите треба да размислуваат за следниот чекор за да останат конкурентни и профитабилни на предизвикувачкиот пазар. За да се успее со оваа динамика, се наметнуваат многу прашања. Некои од нив се следниве:
1. Како да се усогласи порастот на обемот и вредноста во контекст на RGM начинот на размислување и дејствување?
FMCG-брендовите мора постојано да оценуваат како да балансираат меѓу зголемувањето на обемот (поширок пазарен удел) и оптимизирањето на вредноста (зголемување на цената по единица). Зголемувањето на волуменот обично се темели на стратегии за намалување на цените или значителни попусти, додека порастот на вредноста бара поинаков пристап - иновирање со цел премиумизирање на своите производи бидејќи, често забораваме, дека општото однесување на 1/3 од купувачите на глобално ниво не е доминантно детерминирано од цената. Со други зборови, постои значителен број на купувачи кои се подготвени да платат повеќе доколку производот ги исполни нивните очекувања за цената што ја плаќаат. Од друга страна, поради високите трошоци за живот, брендовите и трговците на мало мора да најдат начин да постигнат пораст на вредноста, а истовремено да одржуваат здрав волумен на продажба.
2. Како да се адресираат потребите и желбите на различни типови купувачи?
Не сите купувачи се водени само од цената. Според истражувањето на „Нилсен“ (2024), околу третина од потрошувачите претпочитаат премиум производи. Овој увид им помага на брендовите да обликуваат стратегија која задоволува различни типови купувачи - од оние што бараат пристапни цени до оние што сакаат премиум производи. Секогаш постои предизвик во усогласувањето на цените кои одговараат на потребите на двата сегмента, што бара баланс меѓу достапноста и „премиум“ пристапот.
Купувачите на развиените пазари, како што се САД и ЕУ, сега бараат повеќе од пониски цени - тие бараат вредност во смисла на квалитет, диференцијација и јасни предности, што го покажува порастот на врвните брендови. Со други зборови, намалената потрошувачка во САД и ЕУ поради кризата со трошоците за живот прави да биде неопходно да се создаде понуда која не само што подразбира пониска цена, туку и подобар квалитет.
3. Како да се одговори на силниот став на населението за (пре)високите трошоци за живот?
Глобалната криза на трошоците за живот принуди многу купувачи да бидат повнимателни во нивните навики за трошење. Од една страна, постои силен притисок да се намалат цените или да се понудат производи со поголем попуст. Од друга страна, постои значителна можност да се инвестира во производи кои нудат повисока вредност во поглед на квалитетот, уникатноста, практичноста или одржливоста. Брендовите мора мудро да ги „навигираат“ овие тензии создавајќи појасни, поквалитетни и високо релевантни предлози што ќе ги оправдаат повисоките цени на начини што резонираат со различни типови купувачи - без разлика дали тие бараат ниски цени или се подготвени да платат значително повисока цена за „подобра опција“.
4. Како да се создаде идеална архитектура на производ?
Понудата на широк спектар на производи може да има свои јасни предности, но и недостатоци. За купувачите, голем избор значи избор, но може да доведе и до збунетост или „исцрпеност“ при носењето одлуки. Трговците на мало се соочуваат со предизвици во управувањето со големи резерви, особено ако не можат точно да го предвидат однесувањето на трошењето. За брендовите, понудата на повеќе опции бара внимателно планирање и предвидување. Поедноставениот опсег на пакување може да ја намали сложеноста, но брендовите мора да се погрижат да не ги жртвуваат преференциите на различни клиенти. Правилната рамнотежа меѓу големиот асортиман на производи и поедноставените понуди е од клучно значење бидејќи на крајот влијае врз целата логистика и уште поважно врз искуството на купувачот во продавницата.
5. Како влијаат динамичните цени врз конкурентноста на брендот на пазарот?
Ценовните стратегии се клучна алатка за пораст и одржување на конкурентноста. Денес, кога пазарот брзо се менува, статичните стратегии веќе не се доволни. Динамичните цени им овозможуваат на брендовите брзо да ги приспособат цените врз основа на побарувачката, конкуренцијата и нивото на залихи. Флексибилната структура на цените помага да се оптимизираат приходите и да се создадат профитабилни варијанти на производи. Брендовите можат подобро да ги усогласат своите цени со очекувањата на купувачите и пазарните услови, давајќи им приоритет на попрофитабилните производи и намалувајќи ја длабочината и зачестеноста на промоциите. Овој пристап им овозможува на брендовите да останат агилни и подготвени да реагираат на промените во условите на пазарот. Комбинацијата на флексибилност, разбирање на пазарот и фокусирање на создавање вистинска вредност за купувачите ќе биде клучен фактор за успех за FMCG -брендовите годинава, а секако и понатаму.
Фото: Pexels