
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„ИЦА Макси“ во Шведска им пркоси на падовите на хипермаркетите низ Европа. Неговите продавници, предводени од индивидуални трговци – сопственици, комбинираат вештини во подготовка на свежа храна, дигитална практичност и силна перцепција на вредности.
„ИЦА Макси“ во Шведска им пркоси на падовите на хипермаркетите низ Европа. Неговите продавници, предводени од индивидуални трговци – сопственици, комбинираат вештини во подготовка на свежа храна, дигитална практичност и силна перцепција на вредности. Резултатот е раст на пазарното учество и сè поголема релевантност меѓу купувачите.
Автор: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар
Во време кога хипермаркетите низ Европа се борат да ги задржат своите позиции, „ИЦА Макси“ – хипермаркетите со голем формат во Шведска, управувани од индивидуални сопственици – тивко освојуваат пазарен удел и растечка релевантност кај потрошувачите. Која е нивната тајна? Моќна комбинација од мајсторство во подготовка на свежа храна и дигитални иновации – втемелени во локално претприемништво.
„Макси ИЦА Стормаркнад“ е најголемиот и најдинамичниот формат во рамките на групацијата „ИЦА“ во Шведска и игра клучна улога во стратегијата за редефинирање на малопродажбата со голем формат. Во рамките на вкупната малопродажба на„ИЦА“- Шведска, уделот на „ИЦА Макси“ се зголемил од 32,2% во 2020 на 33,4% во 2024. Тој раст не значи само стабилност туку и сè поголема стратешка важност во екосистемот на „ИЦА“. Бројот на продавници „ИЦА Макси“ пораснал од 87 на 92 од 2020 до 2024 година, а продажбата од 42,1 милијарда шведски круни (4,2 милијарди евра) се искачила на 51,3 милијарди круни (4,5 милијарди евра) – раст од речиси 22% во локална валута.
Овој раст е особено значаен во контекст: според индексот DVI, малопродажбата со храна во Шведска пораснала за 4,1% во 2024, а инфлацијата на цените на храната изнесувала само 1,4%. На таа основа, растот на продажбата на „ИЦА Макси“ од 7,0% на истите локации – наспроти 5,4% на целото портфолио на „ИЦА“ е силен успех што не произлегува од инфлација, туку од зголемен број на купувачи и почеста куповна активност.
Во срцето на овој успех е уникатниот модел на малопродажба на „ИЦА“ групацијата. Иако правно не е задруга, „ИЦА“ функционира како систем управуван од локални трговци – сопственици. Секоја продавница на „ИЦА Макси“ е во сопственост и под раководство на локален претприемач, што овозможува ретка комбинација на централизација и локализирано претприемништво. „ИЦА“- Шведска обезбедува поддршка преку набавки, логистика, маркетинг и дигитална инфраструктура, додека сопствениците го моделираат искуството на купување според локалните потреби.
Инвестициите во самонаплата, Scan & Go систем и јасно организирани распореди (зони за сезонски производи, промоции и основни намирници) ја прават куповината поинтуитивна и поефикасна.
Но, најсилното оружје е вештината во подготовка на свежа храна. „ИЦА Макси“ продавниците функционираат како мали производствени единици – со пекара, слаткарница, деликатес, свежо овошје и цедени сокови. Оваа вертикално интегрирана свежа понуда го позиционира „ИЦА Макси“ далеку пред конкуренти како „Вилис“ и „Лидл“, кои доминираат со ниски цени, но не можат да понудат занаетчиска длабочина и локална разновидност.
Иако „ИЦА“ групацијата не се стреми да биде лидер во ниски цени, многу инвестира во силна перцепција на вредност. Во 2024 година продолжија со намалувања на цените во основни категории и го унапредија лојалти програмот Stammis, кој сега има над пет милиони членови. Сопствените марки остануваат важна стратегиска алатка, со удел од 26,8% во 2024 – стабилен во однос на 2023 година. Не се натпреваруваат со дисконтерите со кратење, туку со проширување на вредносната понуда – оперативно, емоционално и претприемнички.
Посета на продавница „ИЦА Макси“
„ИЦА Макси“ во општината Накка во Шведска ги дочекува купувачите со ознаката „Saluhall“ (пазар) – потсетувајќи на традицијата на премиум пазари познати по квалитет, разновидност и мајсторство. „Вие се грижите за гостите – ние ќе се погрижиме за храната.“
„Добредојдовте во самоскенирање – наједноставниот начин за купување.“ Системот Scan & Go на „ИЦА Макси“ ја претвора големата набавка во брзо и едноставно искуство.

Перцепцијата на цената е важна: Зоната за промоции MaxiKlipp, веднаш на влезот, ги потсетува купувачите на ценовните предности.

Во задниот дел од продавницата, поврзан со производствените простории, се наоѓаат услужни и самопослужни пултови со готови јадења, деликатеси и салати, приготвени на лице место.

Во пекарницата, „ИЦА Макси“ го прикажува целиот процес на производство и рачно изработени колачи – потврда за нивната посветеност на свежината.

Хипермаркет што готви за вас: Купувачите можат да нарачаат кетеринг – од торти до цели оброци – преку дигитален терминал.

Како традиционална месарница: Суво одлежано месо и специјални парчиња ја истакнуваат посветеноста на „ИЦА Макси“ кон квалитетна свежа храна.

Распоредот на продавницата води низ повеќе зони со свежи производи и вкрстени категории, создавајќи атмосфера на традиционален пазар.

Таблите „Matinspiration“ со рецепти нудат QR-кодови со предлози за јадења на влезот во секоја самопослужна зона – за брза и инспиративна набавка.

Во срцето на зоната со свежи производи, овошниот бар „Fruktbar“ ги комбинира здравјето и практичноста со овошни чинии и чаши, подготвени за поединци и семејства.

Овошните чинии од сопствено производство јасно сведочат за занаетски квалитет.

Во делот со свеж зеленчук, огледалата создаваат чувство на изобилство, а големите портрети на вработените ја зајакнуваат довербата и близината со купувачите.

Духот на „Saluhall“ се пренесува и во делот со зеленчук: Чисти линии и пазарна поставеност со визуелен идентитет „Nackas Egna“ („Наккина продавница“).

Под ознаката „Maxi Lokalt“, свежите зачински растенија од локални производители го прават потеклото на производите видливо и опипливо.

Разладениот дел со посебен дизајн го поттикнува изборот на растителни производи.

Локални крави и насмеани вработени доминираат во млечниот оддел. Повеќе од половина од просторот е наменет за безлактозни производи – пораката е јасна: локално, доверливо, инклузивно.

Преку приказните „Maxi Lokalt“, „ИЦА Макси“ го претвора локалното потекло во силен продажен аргумент – во овој случај за јајца.

Во делот со стока на собна температура, доминира вредносната порака: MaxiKlipp! промоции во светло црвена и жолта боја обезбедуваат ниедна понуда да не остане незабележана.

Широкиот распоред и јасната сигнализација над главата овозможуваат полесно снаоѓање во големиот продажен простор.

Органскиот дел е јасно издвоен и визуелно дефиниран – со специјализирани брендови, еко-ознаки и зелени пораки.

Скандинавска класика: Ѕид со огромен избор на pick & mix бонбони што повикува на самопослужно уживање.

Самонаплата: Јасни ознаки и распоред го прават крајот на купувањето едноставен и брз – до 15 артикли, плаќање исклучиво со картичка.
