
„Била“ ја редефинира малопродажбата во Словачка со компактен водечки објект во историскиот центар на Братислава.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Била“ ја редефинира малопродажбата во Словачка со компактен водечки објект во историскиот центар на Братислава. Со поддршка на австриската производна експертиза, трговецот нуди неприкосновена понуда на храна за понесување. Форматот од 300 квадратни метри ги комбинира основните супермаркетски артикли со шармот на гастрономски оператор.
Автор: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар
„Била“ влегува во нов сегмент на раст во Словачка со своето водечко convenience продажно место во историскиот центар на Братислава. Иако трговецот традиционално е познат по супермаркети со полн асортиман, компактната локација во хотелот „Радиосн блу карлтон“ покажува како „Била“ се прилагодува на непополнети пазарни полици.
Додека меѓународните гиганти „Лидл“, „Кауфланд“ и „Теско“ му конкурираат на локалниот херој „Кооп једнота“ за да ја исполнат словачката идеја за вистински „локален трговец“, „Била“ свесно избра поинаков пристап. Непосредно преку границата во Австрија, матичната компанија изградилa едни од најсилните регионални интерни производствени капацитети, особено за свежа convenience понуда и храна за понесување. Потпирајќи се на оваа експертиза, „Била“ - Словачка може да понуди асортиман што ниту еден конкурент не може да го достигне.
Новиот формат на продавница затоа функционира како хибрид меѓу супермаркет и convenience продавница ориентирана кон гастрономска храна за понесување. Поставен во најпрометната зона на Братислава за туристи и канцелариски работници, концептот со продажен простор од речиси 300 м² е заснован на брзи куповни мисии и поставува нов стандард за урбана convenience малопродажба во Словачка.
Понудата е осмислена имајќи ги предвид купувачите од центарот на градот, без разлика дали се туристи кои сакаат брз залак или вработени од околните канцеларии на пауза за ручек. Во нејзиното средиште се наоѓа широк избор храна за понесување, јасно поделен на готови јадења за непосредна конзумација и јадења подготвени за приготвување, при што приватните трговски марки сочинуваат голем дел од асортиманот. Свежината е нагласена низ целата продавница од салата барот, преку топлите јадења подготвени на лице место, до свежо печените пици во специјални печки. Амбиенталните гондоли го истакнуваат современиот convenience фокус, со функционални и здравствено ориентирани напивки што се издвојуваат покрај стандардните опции. Компактниот распоред, континуираниот тек на категориите и хибридниот систем на наплата овозможуваат секоја куповна мисија — без разлика дали станува збор за цел оброк или мало дополнително купување — да се заврши брзо и интуитивно.
Посета на продавницата
Оваа „Била“ продавница се наоѓа во приземјето на хотелот „Радисон блу карлтон“ во историскиот центар на Братислава, во самото туристичко средиште.

На компактна површина од околу 300 м², продавницата е дизајнирана да опслужува и свежи дополни купувања и convenience купувања.

Влезниот простор го истакнува свежото овошје и зеленчук, прилагодено за канцелариските работници и туристите кои бараат здрав и брз оброк.

Покрај модерниот ентериер, Billa го нагласува односот меѓу вредност и цена со впечатливи дигитални „Акција“ промоции на самиот влез.

Задниот ѕид е посветен на разладени готови јадења, свежи салати и смутија.

Меѓу иновативните convenience производи се издвојуваат сендвичи со малку шеќер и висок протеински состав, како и тегли свежа азиска супа подготвена за приготвување.

Трговецот ја дели својата convenience понуда на јадења за подгревање, јадења за приготвување и лесни grab&go артикли за моментална конзумација.

Ѕидните декорации, стилизирани како историски столбови, ги зачувуваат елементите од реставрираната архитектура на хотелот и внесуваат мотиви од словачката традиција и трговија.

Самопослужниот салат-бар ја истакнува convenience ориентацијата, нудејќи свежо подготвени избори како грчка и капрезе салата.

Половина од компактниот пулт е резервирана за традиционални сувомеснати производи и сирење, а другата половина за топла храна за понесување.

Свежите пици се подготвуваат од нула во кујната на продавницата и создаваат атмосфера слична на брза гастрономија.

Дигиталните екрани промовираат свежи „party“ понуди што може да се нарачаат 24 часа однапред, додавајќи кетеринг димензија на продавницата.

Традиционалните колбаси сочинуваат најголем дел од понудата на пултот.

Во самопослужниот дел, „Била“ прикажува поголем удел на приватни марки сувомеснати производи отколку конкурентите, дополнети со премиум линија приспособена за повисокиот социоекономски профил на потрошувачите во околината.

Во амбиенталниот дел од продавницата, рафот со напивки ги балансира стандардните сокови и води со широк избор на растителни и протеински пијалаци.

Ѕидните уметнички дела со историски мотиви, вклучително и поглед на Братиславскиот замок, ја интегрираат продавницата во градскиот контекст.

Хибридната зона за наплата е ефикасно поврзана со импулсниот асортиман вина и жестоки пијалаци на страната на класичните каси...

...додека од другата страна нуди брза опција со самопослужни каси.

Аголот за кафе пред касите додава финален convenience елемент на целокупното куповно искуство.
