
Истражувањето „Преферирани синџири на маркети и најпознати брендови” е нарачано, финансирано и спроведено од агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“, го спроведе истражувањето „Преферирани синџири на маркети и „Најпознати брендови 2024-та година” кое е спроведено на репрезентативен примерок од 1,150 активни потрошувачи на територија на целата држава со користење на персонални интервјуа.
Истражувањето за „Најпознати брендови“ во 2025 година, има за цел дефинирање на позициите на брендовите согласно перцепцијата на потрошувачите.Позицијата всушност го рефлектира влијанието на маркетинг и промотивните активности преземени од компаниите и насочени кон различни таргет групи во текот на изминатата година. Во услови на интензивна конкуренција и значителни промени на пазарот за широка потрошувачка, поставувањето на брендот на првата позиција кај потрошувачите преставува значителен успех за компаниите. Препознатливоста на брендот е базичен елемент за успех и повисока позиција во секторот за широка потрошувачка. Компаниите треба да го имаат предвид влијанието на брендот врз одлуката на потрошувачот особено бидејќи се работи за високо конкурентна индустрија која е под влијание на промени.
Анализата на 15 различни категории каде потрошувачите имаат избрано во дел од категориите до 19 различни брендови е уште еден показател за високата конкурентност на пазарот. Истото значи дека потрошувачите се под константно влијание од различни маркетинг и промотивни активности кои имаат за цел да создадат свесност и да го позиционираат брендот на највисоко ниво во свеста на потрошувачот. За да се согледа размислувањето на потрошувачите, истите одговараат на прашањето “Кој е според Вас најпознатиот бренд во категоријата XY?”.
Анализирани се следните 15 категории на производи: „Млеко“, „Јогурт“, „Кашкавал“, „Сирење“, „Сувомеснати производи“, „Чоколадо“, „Вино“, „Здрава храна“, „Јаткасти производи“, „Флипс“, „Традиционално (Турско) кафе“, и алкохолните пијалаци „Виски/Бурбон“, „Водка“ и „Џин“. Во минатогодишното истражување изземени се категориите „Газирана/Негазирана Вода“, „Природни Сокови“, „Пиво“ и „Сладолед“.
| | | | Година | | | |
| БРЕНД | Категорија | 2025 | 2024 | 2023 | 2022 | 2021 |
| Битолско Млеко | Млеко | 40% | 42% | 45% | 54% | 51% |
| Битолски Јогурт | Јогурт | 41% | 40% | 51% | 46% | 44% |
| Здравје Радово | Кашкавал | 13% | 14% | 18% | 15% | 15% |
| Здравје Радово | Сирење | 22% | 22% | 22% | 25% | 22% |
| Златиборац | Сувомеснати производи | 31% | 25% | 29% | 31% | 25% |
| Milka | Чоколадо | 44% | 34% | 38% | 43% | 39% |
| Тиквеш | Вино | 53% | 50% | 54% | 61% | 53% |
| Виталија | Здрава Храна | 47% | 36% | 42% | 48% | 39% |
| Бако Компани | Јаткасти производи | 34% | 34% | | | |
| Стоби Флипс | Флипс | 84% | 86% | 86% | 87% | 80% |
| ГРАНД Кафа | Традиционално (турско) кафе | 30% | 31% | 35% | 37% | 32% |
| Брилијант | Сончогледово Масло | 47% | 43% | 49% | 57% | 53% |
| Jack Daniels | Виски/Бурбон | 24% | | | | |
| Smirnoff | Водка | 42% | | | | |
| Gordons | Џин | 35% | | | | |
* Се мери како учество во вкупниот број на одговори за соодветната категорија;
** Категориите Флипс, Природни сокови, Сончогледово масло, Негазирана Вода и Енергетски пијалаци се вклучени во истражувањата од 2021-ва година;
Резултатите кај најголем дел од брендовите прикажуваат стабилно учество со умерени промени во споредба со минатогодишните истражувања. Тоа што е од интерес е дека самите брендови се немаат променето, односно идентичните се
Во истражувањето се анализира и кои се брендовите кои потрошувачите ги преферираат и кои воопшто ги купуваат. За дел од категориите се добиени интересни информации, бидејќи има брендови кои што се најпознати, но не се примарниот избор при купување, или пак има голема дисперзија на купувањето помеѓу голем број на брендови. Всушност, се потврдува фактот дека не е важно само брендот да е познат за да биде пазарен или да изгради лојалност помеѓу потрошувачите.
Истражувањето „Преферирани синџири на маркети и најпознати брендови” е нарачано, финансирано и спроведено од агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“. Истото е авторско право на „Инсајдер ИД“, и секакво споделување или користење без претходно писмено одобрување од агенцијата е забрането. За повеќе информации во однос на истражувањето контактирајте на info@insider.mk или +38971210471.