
Новото издание Kantar BrandZ Most Valuable Global Brands за 2025 година покажува дека вкупната вредност на најсилните светски брендови се зголеми за 29% на годишно ниво, достигнувајќи рекордни 10,7 билиони долари...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новото издание Kantar BrandZ Most Valuable Global Brands за 2025 година покажува дека вкупната вредност на најсилните светски брендови се зголеми за 29% на годишно ниво, достигнувајќи рекордни 10,7 билиони долари.
Извор: „Кантар“, www.kantar.com
Годинава BrandZ го одбележува своето 20. издание на глобалното рангирање на највредните брендови во светот. Од првото објавување во 2006 година, па сè до денес, BrandZ стана еден од најрелевантните и најследени индикатори за тоа како брендот создава вистинска деловна вредност. Во овие две децении извештајот доследно го следи развојот на најсилните светски брендови низ економски циклуси, пазарни кризи, технолошки пресврти и промени во потрошувачкото однесување, претворајќи се во најголемата светска база на податоци за брендирана вредност создадена од потрошувачите.
По две децении исполнети со големи економски пресврти, пазарни шокови и технолошки револуции, глобалната вредност на брендовите достигна историски максимум. Новото издание Kantar BrandZ Most Valuable Global Brands за 2025 година покажува дека вкупната вредност на најсилните светски брендови се зголеми за 29% на годишно ниво, достигнувајќи рекордни 10,7 билиони долари (трилиони во САД). Овој резултат демонстрира дека и покрај нестабилноста, најсилните брендови се отпорни, агилни и способни да создаваат натпросечна економска вредност.
По две децении исполнети со големи економски пресврти, пазарни шокови и технолошки револуции, глобалната вредност на брендовите достигна историски максимум.
Најголем придонес имаат технолошките гиганти, кои продолжуваат да ја диктираат динамиката на порастот. Според Kantar BrandZ, токму овие брендови – предводени од Amazon, Apple, Google и Microsoft, се движечката сила на нагорната траекторија и се меѓу најзаслужните за тоа што денешниот пазар изгледа фундаментално поинаку отколку пред само една деценија.
Брендовите како највреден корпоративен капитал
Последниве 20 години покажаa дека силните брендови не се само маркетиншки конструкти, туку и клучни бизнис-ресурси што ја одредуваат долгорочната профитабилност. Kantar BrandZ ја засилува оваа теза со податоци – портфолиото на „силни брендови“ идентификувани преку нивната методологија генерирало 83% повисоки резултати од S&P 500 индексот од 2006 година наваму. Тоа значи дека инвестирањето во бренд носи повисоки и посигурни приноси отколку многу други стратешки иницијативи.
Причината е едноставна: брендовите претставуваат сигурност и доверба за купувачите во период кога волатилноста е најголемиот ризик. Поради тоа, BrandZ нагласува дека брендот е највредниот капитал на секоја компанија – и дека токму тој капитал ги штити бизнисите кога пазарите се непредвидливи.
„Кантар“ го опишува развојот на вредноста на брендот низ пет економски периоди:
Во секој од овие циклуси BrandZ забележува ист тренд – брендовите што инвестираат во иновации, релевантност и диференцијација не само што преживуваат, туку и растат побрзо од економијата. Во 2025 година ова е највидливо: додека глобалната економија забавува со умерени стапки на пораст, вредноста на водечките брендови продолжува да расте со двоцифрени проценти.
Глобалната вредност од 10,7 билиони долари не е само бројка – таа претставува доказ дека силните брендови се меѓу најмоќните двигатели на светската економија денес.
Во извештајот, „Кантар“ го нагласува моделот Meaningful – Different – Salient (значаен, различен, препознатлив), кој истражува колку брендот е функционално и емоционално важен, колку е различен од конкурентите и колку брзо му доаѓа на ум на потрошувачот при неговиот избор. Овие компоненти се пресметуваат исклучиво преку опсежни анкети, годинава спроведени на повеќе од 170.000 потрошувачи од над 50 земји. Резултатот е реална, потрошувачки водена процена на вредноста што брендот ја додава на компанијата, нешто што финансиските индикатори сами по себе не можат да го доловат.
Технолошките брендови го водат порастот
Како и во последните неколку години, технолошкиот сектор е носечкиот столб на глобалното рангирање. BrandZ забележува дека токму технологијата е најголемиот генератор на додадена вредност благодарение на неколку клучни фактори: високо перципирана иновација; доверба меѓу корисниците; моќни бизнис-модели кои ги комбинираат услужните платформи, содржината и екосистемите; силна препознатливост на брендот, масовна употреба на сите пазари. На табела 1 се прикажани највредните светски брендови според нивната пазарна вредност и процентуална промена во однос на 2024 година.
На врвот е Apple со вредност од 1,3 билиони долари и пораст од 28%. Следуваат Google (944 милијарди долари, +25%) и Microsoft (885 милијарди долари, +24%). Amazon има значителен пораст од 50%, достигнувајќи вредност од 866 милијарди долари.
На врвот на листата е Apple со вредност од 1,3 билиони долари и пораст од 28%. Следуваат Google (944 милијарди долари, +25%) и Microsoft (885 милијарди долари, +24%). Amazon има значителен пораст од 50%, достигнувајќи вредност од 866 милијарди долари.
Најголем пораст бележи Nvidia со 152%, додека Instagram (101%) и Facebook (80%), исто така, имаат импресивни зголемувања. Во секторот медиуми и забавна индустрија доминираат Google, Facebook, Instagram, Tencent и Netflix.
Малопродажниот сектор го предводи Amazon, а Walmart забележа пораст од 72%, со скок од 14 места во рангирањето. Во финансиските услуги Mastercard и Visa остануваат стабилни со пораст од 25% и 13% соодветно.
Некои брендови како Louis Vuitton (-14%) и McDonald’s (0%) имаат застој или пад во вредноста.
Поголемиот дел од највредните брендови потекнуваат од САД, додека Tencent е претставник од Кина, а Германија и Франција имаат свои претставници на листата преку Telekom/T-Mobile, Louis Vuitton и Hermès.

Малопродажбата расте најбрзо
Првите 20 брендови-трговци имаат вкупна вредност од 933,1 милијарди долари во 2025 година, со пораст од 48% во споредба со минатата година. Ниту еден друг сектор не забележа побрз пораст во ова издание на Kantar BrandZ.
Трите највредни брендови-трговци се и најбрзорастечки: Amazon, Walmart и Costco. Овие трговци имаат различни бизнис-модели и пристапи кон е-трговијата, но сите профитираат од потрагата на потрошувачите по вредност и се релативно заштитени од предизвиците во категоријата. Освен оваа топ-тројка, јужноамериканската е-платформа Mercado Libre и Sam’s Club, исто така, забележаа поголем пораст. Американскиот трговец Whole Foods и кинеската е-трговска платформа JD годинава повторно влегоа во ранг-листата на првите дваесет брендови-трговци.
Топ 20-бренда за храна и пијалаци во 2025 година вредат 285,6 милијарди долари, што претставува пад од само 1% во споредба со 2024 година. Ова се случува и покрај бројните предизвици со кои се соочи категоријата во последните 12 месеци.
Импликации на категоријата храна и пијалаци
Со порастот на инфлацијата потрошувачите станаа посензитивни на цените и помалку мотивирани од атрибутите на брендот во категоријата храна и пијалаци. Истовремено, „значајна различност“ (meaningful difference) и понатаму е главниот двигател на порастот на вредноста на брендот. Тоа го објаснува и фактот што брендовите за храна и пијалаци кои се потпираат главно на „препознатливост“ (salience) не успеале да растат еднакво силно во последните 20 години.
Успехот на водечките глобални брендови за храна и пијалаци се темели на тоа што успеале да предиспонираат голем број потрошувачи – тенденција што трае со децении. Но, секторот денес се соочува со силни притисоци: здравствени грижи, нови агилни конкуренти и пораст на приватните трговски марки. Затоа, клучно е маркетинг-средствата да се вложуваат мудро во изградба на вредност на брендот, со фокус на создавање предност што ќе ја надмине моменталната пазарна позиција и ќе овозможи стабилен иден пораст.
Освен тоа, ценовната моќ е клучен двигател на финансиската сила на брендот. Во постпандемското време на трајна инфлација ова станува поважно од кога било. Одговорот на растечките производствени трошоци не лежи во скриените намалувања на количествата или во агресивните поскапувања, туку во создавање нова, поатрактивна вредност за потрошувачите. Вредност што ќе биде заснована на нематеријалните перцепции и верувања што го градат значењето на брендот.
Топ 20-бренда за храна и пијалаци во 2025 година вредат 285,6 милијарди долари, што претставува пад од само 1% во споредба со 2024 година. Ова се случува и покрај бројните предизвици со кои се соочи категоријата во последните 12 месеци, меѓу кои повисоките трошоци за суровини, променливите навики во исхраната и зголемениот притисок од предизвикувачките (challenger) брендови.
Спротивно на трендовите, лидерот во категоријата Coca-Cola се издвојува со пораст, зголемувајќи ја својата бренд-вредност за 13%. Diet Coke, Fanta и Sprite, исто така, забележаа пораст оваа година, при што Sprite е најистакнат меѓу „сестринските“ брендови. Индискиот бренд за храна Britannia (најпознат по бисквитите) забележа пораст на вредноста од 8%. На листата повторно се враќаат два добро познати бренда: Doritos и Dr Pepper (табела 2).

Три чекори за вклучување емоции во брендот
Маркетиншките тимови можат да ги преземат следниве три конкретни чекори за да ја оживеат емоционалната врска со потрошувачите и да го издвојат својот бренд:
Поуки од 2025 година
Од анализите на „Кантар“ произлегуваат неколку клучни увиди за тоа што ги разликува највредните брендови во годината што ни претстои.
Заклучок
Иако политичките и економските турбуленции (од воени конфликти до трговски тензии) создаваат непредвидливост, BrandZ ги идентификува токму овие периоди како најплодни за пораст. Волатилноста, според „Кантар“, создава простор за иновации и ја руши инерцијата на старите пазарни правила. Накратко: волатилноста е можност, а брендовите што го разбираат тоа можат да ја искористат и да се издвојат.
Податоците од извештајот јасно покажуваат дека водечките глобални брендови: растат побрзо од економијата; се поотпорни од традиционалните индустрии; создаваат повисоки поврати за инвеститорите; ја дефинираат иднината на категориите што ги предводат.
Глобалната вредност од 10,7 билиони долари не е само бројка – таа претставува доказ дека силните брендови се меѓу најмоќните двигатели на светската економија денес.