
Од паразитизам до море од информации... од почетоци до голем развој... ИГД ја предвидува состојбата на глобалниот пазар на производите за широка потрошувачка во текот...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од паразитизам до море од информации... од почетоци до голем развој... ИГД ја предвидува состојбата на глобалниот пазар на производите за широка потрошувачка во текот на 2015 година.
| Автор: Лора Меј, бизнис-аналитичар, ИГД |
Годината 2015 е година кога синџирот на снабдување ќе го забележи својот процут. Како што онлајн-продажбата на стоки за широка потрошувачка расте, а разликата меѓу онлајн и офлајн-трговијата сè повеќе се „замаглува", индустријата ќе мора да создаде нови решенија за купувачите да можат да ги нарачуваат и добиваат производите секогаш и секаде.
Пионер во оваа област е „Амазон", кој во моментов експериментира со „паразитските" испораки до купувачот, во рок од 30 минути. Покрај „Амазон", овде мора да се спомене и сојузништвото меѓу е-трговецот „Јихаодиан" со малопродажниот синџир „Фемили март" од Кина, кое додаде нови стотици места за подигнување на нарачките од достапни позиции. Сепак, во услови на отежнато тргување, пресметките ќе бидат критични, а трговците ќе бидат во потрага по нови генијални начини, со цел да овозможат колку што е можно побрза, попрецизна и поефикасна услуга.
Бројот на смартфони во светот годинава би можел да достигне до 5 милијарди корисници и 25 милијарди во 2020 година (извор: „Гартнер инк", ноември 2014
година). Ова вклучува нови технологии, како што е 3Д-печатач Mink за шминка, како и проширување на спектарот од секојдневни производи за интерно користење. Како за пример, прочистувачот за воздух Xiaomi испраќа сигнал до вашиот смартфон ако квалитетот на воздухот не е соодветен и ако постои потреба од менување на филтрите. Како што истражувачката индустрија напредува во комуникацијата со клиентите во нивниот дом, во движење или во продавница, се чини дека ќе имаме интересни случувања годинава.
Како што општествата во поголемиот дел од светот се борат против стареењето и здебелувањето на населението, така и здравјето станува сè пожешка универзална тема. Новите откритија ќе произлезат од користењето на апликациите на смартфоните и соодветната технологија, кои ќе им помогнат на луѓето во следењето на здравјето, континуирано и во детали, од согорени калории па сè до изложување на УВ-зрачењето.
Ако корисниците бидат убедени да ги споделат овие податоци, тоа ќе биде од голема корист за компаниите, кои на тој начин ќе создадат персонална комуникација, како помош за поздрав избор. Американска компанија што веќе ги користи овие придобивки е „Волгринс", која ги наградува своите лојални потрошувачи со екстра поени, за секој километар што го одат или трчаат.
Минатата година голем број етаблирани индустриски гиганти беа жестоко предизвикани од страна на иновативните и подвижни бизниси од различен тип и големина. Годинава ќе видиме кои од големите бизниси можат да реагираат, да се приспособат и да се вратат во форма. Сигурни сме дека ќе ги видиме големите трговци како трагаат по нови ценовни тактики, како што „Морисонс", трговецот број еден во Велика Британија, води ценовна битка со „Алди" и „Лидл". Создавањето на новите „продавници на иднината" ќе биде од витално значење, бидејќи трговците ќе се стремат кон шопинг-искуство кое може да се развива и надградува онлајн.
Потрошувачите сè повеќе очекуваат „пристап до сите области", транспарентност на компаниите, информативност и соработка при етичките одлуки за купување. Годинава ќе бидеме сведоци на понатамошниот голем напредок кон целосна транспарентност на бизнисите, кои ќе ја продолжат борбата за клиентите – за придобивање и одржување на нивната доверба.