
Дали некогаш сте се прашале кои брендови на производи за широка потрошувачка се наоѓаат на масите и во плакарите во домаќинствата? Дали меѓу нив е и вашиот...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Дали некогаш сте се прашале кои брендови на производи за широка потрошувачка се наоѓаат на масите и во плакарите во домаќинствата? Дали меѓу нив е и вашиот (омилен) бренд? Дали истите брендови се присутни во целиот регион?
Ви ги прикажуваме основните информации за трговските марки што се користат од страна на најголемиот дел од населението, по категории во кои тие припаѓаат, како и бројот на корисници во илјади. Извор на податоците од истражувањето е „Медиана ТГИ", во кое минатата година беа вклучени повеќе од 15.000 испитаници. Исто така, постојат податоци за профилот на животниот стил на потрошувачите, нивните социодемографски карактеристики и медиумската изложеност, информации што се од суштинско значење за ефикасно таргетирање и предлози.
Повеќе можете да прочитате во електронското и печатеното изадние на InStore бр.12