
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Индустрискиот инвеститор „ЦТП“ оствари бруто приход од изнајмување од 205,1 милион евра во првиот квартал од 2026 година, што претставува раст од 12,3% во однос на истиот период лани, додека обемот на изнајмување пораснал за 4,6%. Годишниот приход од изнајмување достигнал 849,3 милиони евра до крајот на март 2026 година.
Компанијата потпишала договори за закуп на 762.000 квадратни метри во првиот квартал, што е зголемување од 83% во однос на истиот период во 2025 година. Од тоа, 327.000 квадратни метри се продолжувања на постојни договори, а 435.000 квадратни метри се нови закупи, при што 73% од договорите се склучени со постојни закупци. Пополнетоста останала на 93%, со стапка на наплата на кирија од 99,5%.
„ЦТП“ испорачал 116.000 квадратни метри нов простор со принос од 10,4%, при што 96% од просторот бил изнајмен по завршувањето. Вкупното портфолио на групацијата достигнало 14,7 милиони квадратни метри.
Бруто вредноста на имотот пораснала за 2,0% на 18,9 милијарди евра, додека EPRA NTA по акција се зголемила за 2,7% на 20,95 евра.
„Врз основа на континуираната силна побарувачка од закупците, поставивме нов квартален рекорд со 762.000 квадратни метри изнајмен простор во првиот квартал од 2026 година, што е 83% повеќе од лани. Трендот на ниршоринг се забрзува и претставува значајна можност за нас, а и понатаму гледаме здрав раст на потрошувачката во регионот на Централна и Источна Европа“, изјави Ремон Вос, извршен директор на „ЦТП“.
Компанијата ги потврди плановите да испорача меѓу 1,4 и 1,7 милиони квадратни метри во 2026 година, користејќи земјиште од 33,3 милиони квадратни метри со кое располага.
„ЦТП“ ги потврди и своите насоки за прилагодена EPRA EPS за 2026 година, во распон од 1,01 до 1,03 евра, што подразбира годишен раст од 9% до 11%.