
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
InStore во разговор со Емил Чучуровски, маркетинг-менаџер на маркетите „Денар дисконт"
Маркетот како медиум
„Денар дисконт" се маркети што функционираат како класични хард-дисконти. Моментално, под ова име успешно функционираат два маркета, од кои едниот се наоѓа во населбата Капиштец, додека другиот во населбата Влае, а се предвидува отворање и на нови 10 маркети во блиска иднина.
Маркетите „Денар дисконт" се една поинаква форма на маркети чиешто појавување на македонскиот пазар има уникатна приказна. Моментално со две локации, во населбите Капиштец и Влае, и со тенденција за проширување до 12 маркети во Македонија, „Денар дисконт" веќе 10 месеци успешно опстојува на македонскиот пазар. Менаџерскиот тим го промовира дисконтот како нов синџир на македонски евтини маркети (хард дисконти), каде што се продаваат најквалитетните македонски производи за основни прехранбени потреби и други производи за секојдневна потреба. Концептот на дисконтот е да продава доминантно македонски производи, произведени во македонски фабрики, наменети за македонските потрошувачи. За целиот концепт, работата и идните планови, разговаравме со Емил Чучуровски, маркетинг-менаџер на „Денар дисконт".
Производите што се продаваат во нашите маркети ги произведуваат македонските фабрики во кои се вработени блиски роднини на македонските потрошувачи, нивните пријатели и членови на семејствата за кои тие придонесуваат да имаат личен доход. Купувајќи македонски производи, потрошувачите им помагаат на нивните блиски да ги задржат работните места, а помагаат и да се отворат нови работни места во македонските фабрики. Со тоа се овозможува дополнителен развој на македонската економија, истакна Чучуровски.
Според него, концептот на продавниците настанува како производ на искуството на менаџерскиот тим на телевизијата „Наша ТВ", од долгогодишната соработка со македонските фабрики. Телевизијата е компанија со иста сопственичка структура со „Денар дисконт", која 4 години опстојува на медиумскиот пазар во Македонија. „Денар дисконт" е фирма, „продолжена рака" на телевизијата. Ние се трудиме да ги комбинираме дејностите на двете компании. Поучени од искуството со телевизијата, одлучивме нашите хард дисконти да бидат нов медиум. Нашите рафтови се и своевиден простор за промоција, каде што секој производ добива соодветен третман согласно склучениот договор со производителот. Најзначајната цел ни е преку нашиот пример и нашиот успех со нашите дисконти да ги мотивираме македонските сопственици на маркети во своето портфолио на производи да имаат најмногу производи што се произведени во македонските фабрики. Нашиот успех се состои во изборот на најквалитетни македонски производи за нашиот потрошувач и минимизирање на трошоците во работењето.
„Денар дисконт" се класични хард-дисконти, во моментов со два објекта. Едниот во населбата Капиштец од 70 квадратни метри, има една каса и тројца вработени. Вториот е во населба Влае. Тој се простира на 200 квадратни метри, има две каси и пет вработени. Двата маркети имаат портфолио од околу 1.000 производи со тоа што во Капиштец се изложени помали количества на производи, додека во Влае се значително поголеми. Со „Денар дисконт" менаџира семејството Гоговски.
Македонците имаат навика за пазарење во хард-дисконти
Според Чучуровски, во Македонија речиси 20% од пазарот на синџири на маркети во малопродажба е во „рацете" на маркетите КАМ, првиот малопродажен синџир на хард-дисконти отворен во Македонија. Со појавата на вториот, „Стокомак", пазарот се прошири со ширењето на малопродажните објекти на овие два ланци. Целта на „Денар дисконт" е дополнително да го промовира концептот на хард-дисконтери во Македонија. Чучуровски смета дека е неопходна едукација на потрошувачите на национално ниво. Според него, хард-дисконтите влијаат на ценовната политика и на помалите и поголемите маркетите во Македонија, па оттука, кога имаме ценовна стабилност на ниско ниво, со соодветен национален квалитет, потребно е потрошувачите да почнат полека, но сигурно да се ориентираат кон оставање на најголем дел од личниот потрошувачки буџет токму во овие дисконти.