
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За да расте твојот бизнис, мораш да се ослободиш од старите начини на размислување што те ограничуваат. Ако се задоволиш со тоа што го правиш добро и не се стремиш да растеш како лидер, ниту твојот тим, ниту компанијата ќе се развијат. Треба да бидеш
Многу често кога бизнисот не расте, се обидуваме да најдеме причина во производот што го нудиме, во пазарот, во конкурентите. Но, една од главните причини можеби сме ние. Да, можеби треба да се запрашаме колку ние сме пораснале и сме се развиле како личности и професионалци? И токму тука, во тоа „променување на мајндсетот“, лежи клучот за вистинскиот раст.
Пишува: Милан Савов, сопственик и директор на SmartClick | SEO & Web Development
Јас лично го почувствував ова на своја кожа. Кога започнав со работа како програмер и фриленсер, мојот фокус беше единствено на техничките работи – дали веб-страницата е функционална, дали сè работи како што треба, дали кодот е добар. Не размислував многу за тоа како да изградиме тим, како да ги продадеме нашите услуги или како да создадеме добри врски со клиентите.
Но, кога ја отворив агенцијата, сфатив дека само со технички добар производ не можам да стигнам до таму каде што сакам. Почнав да се соочувам со нови предизвици. Набрзо стана јасно дека најголемиот проблем не беше тоа што го правев, туку како го правев. Требаше да почнам да размислувам поинаку – како лидер, како човек кој треба да води бизнис, а не само да пишува кодови.
Првото нешто што ми помогна да разберам дека нешто треба да се промени беше кога мојот бизнис се заглави. Немав клиенти, тимот работеше само на оперативни задачи, немаше лидерски позиции и најважно од сè – немаше стратегија за раст. Во тој момент, сфатив дека нешто мора да се смени, но не знаев точно што.
Тогаш одлучив да побарам совет од некој кој веќе бил на моето место и кој може да ми помогне да го најдам вистинскиот пат. Почнав да поставувам прашања, да се отворам и да прифатам насоки од луѓе кои успеале. Бев изненаден од тоа колку многу можам да научам ако само побарам помош. Почнав да разбирам дека не е срамно да признаеш дека не знаеш сè, а уште помалку е срамно да бараш совет од оние кои веќе го имаат искуството и знаењето.
И тоа беше пресвртната точка за мене. Луѓето кои претходно ги гледав како успешни и на некој начин недостижни, всушност беа многу отворени за разговор и споделување на нивните искуства. Не само што не ми ги криеа своите тајни, туку беа подготвени да ми помогнат да избегнам грешки кои тие ги направиле. Тие ми покажаа дека вистинскиот успех не доаѓа само од одличниот производ, туку и од тоа како се поврзуваш со други луѓе, како се обидуваш да учиш и да се развиваш.
На крајот, почнав да го сфаќам значењето на вистинските врски и вредноста на заедницата. Во минатото мислев дека нема потреба да се поврзувам со локалните претприемачи бидејќи сите можности ги наоѓав онлајн. Но, сега знам дека тоа беше погрешен пристап. Изолацијата само ги ограничува можностите, а кога ќе се отвориш, ќе откриеш дека комуникацијата и соработката со локалната заедница открива нови шанси за растење и развој.
Еден од најголемите моменти на учење за мене беше кога почнав да соработувам со други претприемачи кои ги сметав за конкуренти. Наместо да гледаме како конкуренција, почнавме да разменуваме искуства, да си помагаме и да растеме заедно. Ќе ви кажам, тоа што го научив во тие моменти не можеше да се научи од ниту една книга.
За да расте твојот бизнис, мораш да се ослободиш од старите начини на размислување што те ограничуваат. Ако се задоволиш со тоа што го правиш добро и не се стремиш да растеш како лидер, ниту твојот тим, ниту компанијата ќе се развијат. Треба да бидеш подготвен да излезеш од комфорната зона, да се отвораш за нови идеи и да се адаптираш на промени.
Затоа, ако сакате вашиот бизнис да расте, првата работа што треба да ја направите е да размислите поинаку. Промената на мајндсетот може да направи голема разлика – не само во тоа како водите свој бизнис, туку и во тоа како се поврзувате со други луѓе, како учите и како градење на вистински тим и заедница.
Ако ништо друго, ова ми покажа дека успехот не доаѓа само од напорна работа, туку и од тоа како ги вреднуваш другите, како ги слушаш и како се поддржувате едни со други.