
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во текот на годините, зад себе имам многу идеи кои звучеа одлично на хартија, но не се реализираа според планот – било да се работи за производ што не го препозна пазарот, кампања што не допре до публиката или едноставно – иницијатива што беше пред с
Во маркетингот, најгласно се слават успесите – кампањите што добиле награди, производите што рушат рекорди, акциите што го надминале планираниот ROI. Но ако сум искрена, токму проектите што не донесоа очекувани резултати ме научија најмногу.
Пишува: Полексена Јанкуловска, регионална маркетинг-менаџерка во „Бимилк“
Во текот на годините, зад себе имам многу идеи кои звучеа одлично на хартија, но не се реализираа според планот – било да се работи за производ што не го препозна пазарот, кампања што не допре до публиката или едноставно – иницијатива што беше пред своето време.
Се сеќавам кога пред повеќе од 10 години со огромна енергија и верба го лансиравме Fit крем јогуртот – производ богат со протеини и со низок процент на масти. Денес, кога протеинските производи и здравите навики се мејнстрим, јасно ми е дека сме биле чекор пред времето. Но тогаш, производот се повлече за само една година поради мал обем на производство.
Иронично, токму тоа „неуспешно“ лансирање ми беше првата реална лекција дека понекогаш визијата не е доволна ако времето не е на нејзина страна – и дека маркетингот не е само уметност на убави идеи, туку и на трпение, контекст и учење.
Токму таквите искуства ме научија на нешто многу поважно од маркетинг техника: да не се плашам од „неуспех“, да го анализирам, да го прифатам, и – да учам од него. А тоа учење нема крај. Колку и да мислиш дека знаеш, секогаш ќе дојде ситуација што ќе те изненади и ќе ти покаже колку уште имаш да учиш.
Можеби затоа и ми одекнуваат зборовите на Сократ: „Знам дека ништо не знам.“ Затоа што секоја нова иницијатива, нов проект, нов тим – те носи во непознато. Па дури и кога мислиш дека си искусен, животот ќе те „затекне“ и ќе ти покаже поинаков агол, поинаква перспектива.
И ова не важи само за маркетинг. Ако денешната македонска реалност нè учи нешто, тоа е дека не можеме повеќе да си дозволиме да учиме само на сопствени грешки – ниту како професионалци, ниту како општество. Понекогаш последиците од неодлучноста, занемарувањето или одложувањето на промените знаат да бидат прескапи. Затоа вреди да ги препознаеме сигналите навреме, да слушаме повеќе, да реагираме порано – и да бидеме тие што ќе направат разлика. Па, макар и со мали чекори.
Затоа што некои работи не смеат да чекаат да биде предоцна.
Учиме додека сме живи – велат. Но, најголемата вредност е кога тоа учење го претвораме во акција, во подобра верзија од себе, во поисчистена визија за иднината. Без разлика дали креираме производ, стратегија, тим – или едно побезбедно и поисклучително утре за сите нас.