
Ситуацијата е многу комплексна, бидејќи се испреплетуваат многу фактори од различна природа, но би издвоил неколку кои сметам имаат поголема улога во ограничувањето на можностите за поконкурентни цени во маркетите..
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Како поборник на слободен пазар и економија, која ќе биде диктирана од понудата и побарувачката, мерките кои се превземаат во последните неколку години, особено од започнувањето на здраствената криза, драстично отстапуваат од овој принцип. Тука не е во прашање само македонската, туку и западните економии кои декларираат како слободни и пазарни. Протекционизмот стана составен дел од економскиот живот и се повеќе држави носат мерки кои се базираат на очекувањата на јавноста, а не врз основа на економската и пазарната логика и реална калкулација на реперкусиите кои истите би ги имале. Со голема веројатност, тие мерки на крај ќе бидат на штета на финалниот потрошувач.
Пишува: Сергеј Зафироски, генерален менаџер во „Инсајдер ИД“
Во однос на македонската економија (а по примерот на други европски држави) од КОВИД-19 кризата доденес се носат мерки кои што се спротивни на пазарната економија. Помеѓу другите е и мерката за замрзнување на цените, која се очекува да ги намали цените на производите и да ја намали инфлацијата (повторно воведена не само во нашата држава). Често во јавноста се споредуваат цените помеѓу домашните и западноевропските особено германските маркети за да се најде оправданост за таквото намалување на цените. Реалноста, за жал, е дека моментално и да не постои сценарио во кои можат да бидат пониски споредбено со поголемите држави. Помала економија не значи и пониски цени. Ситуацијата е многу комплексна, бидејќи се испреплетуваат многу фактори од различна природа, но би издвоил неколку кои сметам имаат поголема улога во ограничувањето на можностите за поконкурентни цени во маркетите..
Капапацитетот на домашното производство за прехранбени производи е многу мало и има ниска економија од обем. Компанија која произведува за пазар од 83 милиони жители (германскиот) има значително пониски трошоци од таа која работи на пазар од 1.4 милиони (македонскиот). Цените на комбињата и машините на производство пониски (најчесто се набавуваат од Германија што за нив е локално), цените на суровините се пониски (поради поголемата куповна моќ), поседување на know-how, што придонесува за значителна економија од обем и пониски трошоци за работење и во крајна линија пониска цена за производот.
Висока увозна зависност дури и во индустрии во кои можеме да имаме конкурентска предност. Како пример, произведуваме земјоделски производи, со субвенции од државата кои ги извезуваме на странски пазари, а ги увезуваме истите производи за консумација на домашниот пазар. Увезуваме млеко, пилешко месо, свинско месо, кондиторски производи, доматно пире и лично за мене најфасцинантно е дека консумирме лук произведен во Кина. Земјоделски производ израснат, набран и транспортиран приближно 9,000 километри до Македонија со маржи и заработки на сите вклучени во процесот да биде поефтин од тој произведен локално (во земја квалификувана како земјоделска), укажува на сериозен проблем.
Високата увозна зависност влијае и на цените за производство, бидејќи во најголемиот дел дури и од готовите производи се користат репроматеријали кои се увезени (кои се дел факторите кои предизвикуваат инфлација). Колку што е поголема увозната зависност за готови производи и репроматеријали, толку е и поголем ризикот за пренесување на ценовни шокови,
Ниски инвестиции во истражување, развој и иновации. Индексот за иновации значително заостанува (45% од просекот на ЕУ според European Innovation Scoreboard 2024) каде вкупните инвестиции во истражување и развој е приближно 0.40% од БДП споредбено со 2.20% просекот на ЕУ. За мала економија како нашата, ова треба да биде значително повисоко со што би оствариле повисока продуктивност, пониски трошоци и нормално производство на производи кои би биле атрактивни за домашниот и странскиот пазар.
Ниска продуктивност на трудот. Еден од клучните двигатели за намалување на трошоците (а со тоа и цените) е зголемување на продуктивноста на трудот. Податоците од Меѓународната организација на трудот, посочуваат дека продуктивноста во Македонија во последните 15 години, пресметана како БДП по работен час, бележи раст како висока развиена економија, и значително заостанува помеѓу економиите во развој. Продуктивноста од 2005 – 2021-ва година во Македонија пораснала за 16%, во САД за 22%, во Шпанија за 17%, а во Кина и Индија за 262% и 136%.
Недоволниот менаџерски капацитет кој го има локално. За ова не постојат официјални податоци, но успешни компании се водени од успешни менаџери, а такви имаме малку на број. Говорам за успешни компани (и менаџери) интернационално не локално, кои што се конкурираат на светските пазари и кои ќе го пренесат своето знаење на локалниот пазар. Квалитетен менаџмент континуирано бара начини за зголемување на продуктивноста, капацитетите, продажбите, процесите преку иноваци, истражувања и развој. Свесни сме дека тоа се неколку македонски компании со кои сите сме запознаени. Лично верувам и дека поседуваме производствен (како физички) капацитет, особено за земјоделски и прехранбени производи, но не може да се искористи поради несоодветното управување.
Многу е полесно да се наведат предизвиците, отколку реално да се адресираат, бидејќи се претходно укажува на постоење на структурен проблем. Всушност за нивно решавање ќе бидат потребни и повеќе од 10 години, но и преземање на конкретни активности сега, за да се започне процесот. Пример, без намалување на увозната зависност за репроматеријали за прехранбената индустрија (млеко, замјоделски производи, месо, сончогледово масло и слично), нема можност да се влијае на финалната цена. За зголемување на капацитетот, треба да се отворат компании кои ќе започнат со работа и да се унапрдат моменталните капацитети (оперативно и менаџерски), процес кој ќе трае со сигурност неколку години. За управување на тие компании е потребен квалитетен менаџмент, кој ќе биде способен да ги расте и развој. Појдовна точка според мене е развивање на менаџерскиот капацитет, бидејќи со квалитетно лидерство, ќе се постави солидна основа за иден развој на новите компании.