InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од моментот кога ќе го врземе појасот, за нас автомобилот не е само машина со мотор и тркала, тоа е наш партнер во секојдневните активности, и возбудливи авантури. Ние се поврзуваме со брендот, со она што тој претставува, поради емоциите кои тој ни г
Автомобилите не се само превозни средства. Тие се наш идентитет, одраз на нашиот стремеж, симбол на слобода и статус. Изборот на автомобил никогаш не е резултат само на рационални економски одлуки, туку е исто толку поврзан со емоционалните и сетилни реакции на возењето на истиот.
Пишува: Д -р Златко Муцунски - МБА дипл. инг., Генерален директор на „Порше Македонија“
Од моментот кога ќе го врземе појасот, за нас автомобилот не е само машина со мотор и тркала, тоа е наш партнер во секојдневните активности, и возбудливи авантури. Ние се поврзуваме со брендот, со она што тој претставува, поради емоциите кои тој ни ги предизвикува.
Прво, дизајнот на автомобилот игра клучна улога во обликувањето на нашите впечатоци и ставови кон него. Истражувањата во психологијата велат дека луѓето формираат брзи проценки врз основа на визуелни дразби, а автомобилите не се исклучок. Елегантните линии, смелите детали и карактеристичните стилски елементи можат да предизвикаат чувства на восхит, возбуда или желба, додека дискретните дизајни може да не успеат да го привлечат нашето внимание или да предизвикаат реакција.
Понатаму, емоционалната врска што ја формираме со нашите автомобили оди подалеку од обичната естетика; се протега на самиот бренд. Клиентите често развиваат силна емотивна поврзаност со одредени автомобилски брендови, под влијание на фактори како што се семејната традиција, културните вредности и искуствата од минатото. Овие емотивни врски можат да ја поттикнат лојалноста на брендот и да влијаат на одлуките за купување, што ќе ги наведе клиентите да останат лојални на одреден бренд дури и во услови на силна конкуренција.
Дополнително, автомобилите не исполнуваат само функционални потреби, тие стануваат алатки за стекнување статус во општеството. луѓето го усогласуваат својот избор со она што симболизира престиж или успех во општеството. Со изборот на автомобил, тие се поврзуваат со други кои ги споделуваат истите вредности за важност и углед. Автомобилот кај нив е извор на чувство на припадност на таа заедница.
Не помалку важно, самиот автомобил, покрај симбол за успех, е симбол на слободата, на автономија, на доминантност, на можноста во било кој момент да се скокне на возачкото седиште, да се врзе појасот и да се стигне на важниот настан, или, да се одвезе кон зајдисонцето, да се одвезе кон нова авантура, секому според потребите. Автомобилот дава моќ да одберете кога ќе одите, каде ќе одите. Дава чувство на целосна контрола. Возењето во автомобил не е само превоз од точка А до точка Б. Тоа е емоционално патување. Автомобилот е простор за размислување, простор за бегство од секојдневниот хаос, простор за музика, простор за лични разговори.
Затоа брендовите се претставуваат како нешто повеќе од производ. Тие не нудат средство за превоз – тие нудат начин на живот. Феноменологијата на употребата на автомобилите покажува дека тие се одраз на личните вредности, личните стилови, одраз на филозофијата на живеењето. За многу луѓе, изборот на автомобил е повеќе од само практична одлука, тоа е изјава за идентитет и самоизразување, симбол на успех, слобода, индивидуалност. Без разлика дали се работи за цврст теренец, мало градско возило или елегантен седан, автомобилот што го возиме кажува кои сме и што нè разликува од другите. Возило чиј слоган е “нема замена” зборува за самоувереноста на возачот, “напредок преку технологија”- возач е несомнено некој кој е секогаш пред времето, “возило за народот” зборува за лојалност, малите градски автомобили зборуваат за практичност, луксузните возила за високи стандарди, успех и престиж.
Причините за моќта на автомобилските брендови се повеќеслојни. Не се работи само за производство на квалитетен, функционален производ - туку за создавање длабоко емотивно искуство што зборува за идентитетот, статусот, довербата, за стремежите, желбите и спомените.
Клиентите не сакаат само да купат. Сакаат да добијат вредност за вложеното. Купуваат производи не за она што се, туку за она што го претставуваат во однос на животот или успехот кон кој се стремат. Токму во тоа лежи моќта на брендот -во чувствата што ги предизвикува, во неговата способност не само да задоволи физички потреби, туку и да допре до најдлабоките емоции на возачите, да го носи товарот на нивните потреби, желби и соништа.