.webp&w=1920&q=100)
In-house консултациите се директно поврзани со вештачката интелигенција, бидејќи овие тимови работат во непосредна близина со технологијата и ја користат за да обезбедат решенија во реално време.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во последните неколку години, in house консалтингот доживеа длабока трансформација. Од функција фокусирана на оптимизација на процеси, тој прерасна во стратешки центар за иновации и брза адаптација. Оваа промена ја поттикнуваат технолошките напредоци, особено во доменот на вештачката интелигенција и квантните компјутери кои го редефинираат начинот на кој компаниите функционираат.
Пишуваат: Михаил Китановски, сопственик на „Д2ЕМ консалтинг“ и Симона Рунчева, партнер за проекти и настани, одговорна за организација во „Д2ЕМ консалтинг“.
За разлика од класичниот консалтинг, каде советите доаѓаат „од страна“, in-house консалтингот значи дека консултациите се директно поврзани со работата на компанијата и потребата на вработените. Тоа им овозможува да ја разберат ситуацијата одблизу и детално да ја разработат потребата или проблемот.
Ваквиот пристап не подразбира општи решенија, туку прилагодени предлози што се засноваат на вистинската слика на онаа што се гледа одвнатре. На тој начин, решенијата не само што се попрецизни, туку и побрзо се применуваат, бидејќи се креирани од луѓе што веќе се дел од системот. Со тоа се гради поголема доверба, стабилни односи и заедничка одговорност за успехот.
In-house консултациите се директно поврзани со вештачката интелигенција, бидејќи овие тимови работат во непосредна близина со технологијата и ја користат за да обезбедат решенија во реално време. Технологијата, како што е ВИ, овозможува брзо обработување големи количини податоци, откривање скриени трендови и автоматизирање задачи кои би биле премногу сложени за рачно извршување.
Ваквите консултации ја интегрираат вештачката интелигенција во секојдневната работа, помагајќи да се оптимизираат процесите и да се донесуваат одлуки базирани на податоци. Овој пристап не само што ја подобрува ефикасноста, туку и овозможува постојана адаптација на бизнисот во услови на брзи промени и нови предизвици. Кога станува збор за in-house консалтингот и ВИ, младите обично се возбудени поради можноста да ја користат технологијата за да бидат покреативни и поефикасни, додека постарите понекогаш се поспремни да ја прифатат кога ќе видат како таа ги поддржува нивните искуства и процеси. Важно е што и едните и другите ги гледаат бенефитите на ВИ, само што секој ги искусува на свој начин, младите како нова можност за иновации, а постарите како алатка што ја подобрува нивната работа без да ја заменува човечката вредност.
Новите генерации што влегуваат во ова поле, носат свеж пристап. Овде консалтингот не се сведува на традиционални методи со анализи базирани исклучително на човечката еспертиза, туку тие го гледаат како синергија помеѓу човечката креативност и машинската прецизност.
Ова никако не ја намалува улогата на човечкиот фактор, туку напротив гради способност да се постават вистинските прашања и да се насочат технологиите кон конкретни бизнис цели.
ВИ, од своја страна, веќе е составен дел од работата на овие тимови. Тие веќе генерираат иновативни решенија, како нови бизнис модели или подобрувања во корисничкото искуство. Ова ни овозможува да се носат одлуки засновани на податоци, намалувајќи ја зависноста од интуиција или застарени методи.
Оваа трансформација не значи рушење на стариот систем, туку негово надградување. Интерниот консалтинг се развива во интелигентен систем за континуирана адаптација, каде човечкиот потенцијал и технолошките можности работат во хармонија. Преку интеграцијата на ВИ и квантни алгоритми не само што се решаваат постоечки проблеми, туку и се поставуваат нови прашања што ги туркаат компаниите кон иднината.