.webp&w=1920&q=100)
Тимовите што комуницираат отворено, градат доверба и работат во дух на соработка имаат далеку поголем капацитет да се носат со промени, кризи и зголемени барања.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во морето на бројки, технологии и стратегии, понекогаш заборавуваме дека вистинската длабочина на успехот не лежи во она што се гледа на прв поглед. Тоа што создава вистинска вредност и долготрајна сила е невидливото ткиво на поврзаност што ги спојува луѓето – нивната доверба, разбирање и споделени намери.
Ова ткиво не е само дел од организацискиот систем, туку неговата душа. Токму во него се кријат одговорите што можат да ја променат насоката на секој предизвик и да го подигнат бизнисот над ограничувањата на денешницата.
Пишува: Савица Стојаноски, раководител на набавка и управување со залихи, сертифициран NLP практичар
Меѓучовечките односи – скриениот стратешки ресурс
Од позицијата на раководител со долгогодишно искуство во набавка и управување со залихи во FMCG индустрија, но и како магистер по човечки ресурси и сертифициран NLP практичар, сè појасно ја согледувам суштинската улога на организациската култура базирана на доверба, комуникациска зрелост и почит. Тоа не се “меки” аспекти на менаџментот – напротив, тие се темелот врз кој се градат одржливи перформанси.
По речиси две децении работа во FMCG индустријата, научив дека зад секој добро поставен систем стојат луѓе чие ниво на ангажман, мотивација и доверба има директно влијание врз резултатите. Тимовите што комуницираат отворено, градат доверба и работат во дух на соработка имаат далеку поголем капацитет да се носат со промени, кризи и зголемени барања.
Одржливост не само во ресурси, залихи, туку и во релации - поврзаност што не се гледа веднаш
Често зборуваме за оптимизација на залихи низ призма на предвидувања и анализи. Но, тие се само еден дел од равенката. Соработката меѓу одделите, начинот на комуникација и степенот на тимска синхронизација директно влијаат на ефикасноста во управувањето со ресурсите. Тимови што работат координирано овозможуваат побрзи реакции, подобра прецизност и значително пониски оперативни трошоци.
Управувањето со залихи често се третира како исклучиво аналитичка и оперативна функција. Но зад секој ефикасен процес се крие добро вмрежена комуникација. Точното планирање, навремената набавка и оптималните количини не зависат само од системите, туку од координацијата и разбирањето меѓу тимовите – продажба, маркетинг, логистика, финансии, надворешни соработници.
Таму каде што комуникацијата е јасна и односите се стабилни, залихите се контролирани, ризиците се пониски, а клиентите посреќни.
Вистински одржлив бизнис е оној што создава односи што траат – и меѓу вработените, и меѓу одделите, и со партнерите. Односите не се трошок, туку долгорочна инвестиција.
Компаниите што градат култура на транспарентност, отворен дијалог и емпатично лидерство постигнуваат пониска флуктуација, повисока продуктивност и – можеби најважно – создаваат чувство на припадност. А токму тоа го задржува талентот.
Бизнисот почнува и завршува со луѓето
Најдобрата стратегија нема да успее ако зад неа нема тим што верува во неа. Лидерството не се мери само со постигнати KPI, туку и со тоа колку простор создаваш за другите да растат, колку добро слушаш и какви односи градиш.
Во еден систем, сè е поврзано. Колку порано го препознаеме ова, толку подолгорочна ќе биде нашата конкурентност.
Организациската култура што ги става луѓето во фокусот не е идеалистичка визија, туку прагматичен избор. Во време на глобална нестабилност, брзи промени и интензивна конкуренција, најстабилниот ресурс на една организација се нејзините луѓе.
Затоа, односите не се само алатка за работа – тие се инфраструктурата на успехот.