.webp&w=1920&q=100)
Во време кога вкусот, здравјето и одржливоста сè почесто се спојуваат во една точка, јасно е дека индустријата за пијалаци и течна храна поминува низ драматична трансформација
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во време кога вкусот, здравјето и одржливоста сè почесто се спојуваат во една точка, јасно е дека индустријата за пијалаци и течна храна поминува низ драматична трансформација. Од поздрави верзии на алкохолни и газирани пијалаци со помалку шеќер, преку млека на растителна основа, до безалкохолни коктели и протеински смути, тркајќи се со неминовните промени, оваа индустрија самата го редефинира она што го пиеме.
Пишува: Властимир Стојановиќ, официјален застапник на Минхенскиот саем за Западен Балкан
Глобалните брендови се натпреваруваат во иновации и сè поширока понуда за различни потрошувачки сегменти, додека климатските промени ги туркаат кон еколошки поприфатливи практики. Генерацијата Z им задава особена главоболка, бидејќи наметнува шеми на потрошувачка различни од претходните генерации – бараат безалкохолни и поздрави пијалаци, како и производители кои ја почитуваат животната средина.
Каква е иднината на индустријата за пијалаци и кои трендови, технологии и иновативни практики нè очекуваат во наредните сезони, одговорот на овие и многу други прашања го дава еден од најголемите светски саеми во оваа индустрија. Уште од далечната 1951 година, drinktec е глобален саем каде што индустријата за пијалаци и течна храна доаѓа да иновира, инспирира и поттикнува нови идеи. Оваа година, од 15 до 19 септември, Минхен и Минхенскиот саем повторно ќе бидат домаќини на најголемите светски умови и најсмелите брендови, единствено место за прослава на технологијата, одржливоста и вкусот. Од суровини и состојки, преку најсовремени технологии и паметни производни линии, до еколошки прифатлива амбалажа и контрола на квалитет предводена од вештачка интелигенција – drinktec 2025 е повеќе од саем – тоа е увид во иднината на она што го пиеме.
Ова е можност, меѓу другото, да дознаете како стратегијата за формулација на производ станува стратегија на брендот, како изгледа премиум пласман на денешниот пазар и како да се издвоите од конкуренцијата, кои се кружните решенија во сите производствени чекори и како повторно да ги искористите преостанатите материјали. Посебен фокус ќе биде и на здравите животни стилови и нивното влијание врз индустријата за пијалаци и течна храна.
На претходниот саем, одржан во 2022 година, повеќе од 1.000 изложувачи од 55 земји ширум светот ги претставија своите иновативни технологии и производи, додека 50.000 посетители имаа можност да учествуваат во градењето на иднината на индустријата. Очекувањата за овогодинешниот саем се уште поголеми – како во однос на бројот на изложувачи и посетители, така и во делот на иновациите и прикажаните трендови.
Затоа, без разлика дали сте глобален играч, мал производител или стартап, drinktec е местото каде што започнува разговорот за индустријата на пијалаците. Бидете присутни на глобалниот самит на производители на суровини и состојки, добавувачи на процесна технологија и машини за полнење и пакување пиво, вода, безалкохолни газирани пијалаци, овошни сокови, млеко и течни млечни производи, вино, пенливо вино и жестоки пијалаци, како и кечап, соја сос, масло за готвење и други течни прехранбени производи.
Придружете ни се во Минхен од 15 до 19 септември и од прв ред учествувајте во градењето на иднината!
Детални информации за #drinktec2025 се достапни на https://drinktec.com/en-US/home/