.webp&w=1920&q=100)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По речиси 18 години во системите на големи мултинационални компании и повеќе од 6 години како партнер-консултант во компании во Македонија и Балканот, постои една слика што постојано ми се повторува: Компаниите сакаат развој, успех и стабилност – но
По речиси 18 години во системите на големи мултинационални компании и повеќе од 6 години како партнер-консултант во компании во Македонија и Балканот, постои една слика што постојано ми се повторува:
Компаниите сакаат развој, успех и стабилност – но немаат реален, функционален и добро структуриран бизнис план.
И не зборуваме за „ексел табела со желби“, туку за вистински, оперативен план, базиран на анализи, бројки и трендови. План со јасни цели, кој ги мери резултатите на месечно ниво (особено финансиските), служи како „патоказ“ за сите сектори – а не само за директорот – и ги вклучува луѓето, бројките и пазарните движења.
Пишува: Дејан Ваневски, Партнер „АПОД Солутионс“/„ПАВ Тривити“
Жалната реалност е дека многу компании, особено од FMCG секторот (но не само тие), или воопшто немаат бизнис план или тој е сведен на декларативни цели и неколку PowerPoint слајдови. А кога ќе дојдат проблемите – сите се изненадени.
„Ќе видиме што ќе правиме“ не е стратегија.
„Ќе се снајдеме“ не е модел на работа.
Голем дел од компаниите функционираат со т.н. go with the flow пристап – се потпираат само на претходно искуство, краткорочни решенија и импровизација. Притоа, ги игнорираат пазарните сигнали, стратегијата на конкуренцијата, развојот на новите технологии и глобалните трендови во индустријата, кои мора – и можат – да се прилагодат на локалниот контекст.
Резултатот? Компаниите се соочуваат со низа проблеми што имаат корен во слабо (или никакво) планирање:
Планирањето е процес, не табела
Она што искуството го покажа како ефикасен модел за справување со овие предизвици е Интегрирано бизнис планирање (Integrated Business Planning – IBP). Овој пристап значи:
✔ Поврзување на стратегијата со секојдневното оперативно работење
✔ Усогласување меѓу клучните сектори – продажба, финансии, логистика, HR...
✔ План што се следи, ажурира и ревидира на месечно ниво (revision & rolling forecast)
✔ Јасна динамика на состаноци и структура на извештаи
✔ Здрави дискусии и креативност со активно вклучување на луѓето во носење одлуки
✔ Навремено и флексибилно прилагодување кон промените на пазарот
Но, спроведувањето на IBP не е лесен чекор. Од компаниите бара зрелост и храброст за:
Компаниите што вложуваат во развој на своите тимови и што редовно ги следат перформансите – не само финансиските, туку и оперативните и човечките – стануваат резилиентни, креативни, агилни и фокусирани на долгорочен успех.
Почетокот е во вистината
Започнете со искрена, реална анализа. Да не се лажеме себе си!
Немојте да градите иднина само врз основа на интуиција.
Градете ја врз основа на податоци, знаење, стратегија и развој на луѓето – data driven decisions.
Да се освестиме...
Планирањето не е луксуз за големите корпорации. Тоа е неопходност за секоја компанија што сака предвидливост, стабилност, управливост и контрола.
Во време кога пазарот и условите на работење се менуваат побрзо од било кога, она што денес е „доволно добро“ – утре може да биде фатално задоцнето.
ТРИ ПРАШАЊА ШТО СЕКОЈА КОМПАНИЈА ТРЕБА ДА СИ ГИ ПОСТАВИ ДЕНЕС:
Дали имаме јасен, структуриран бизнис план што ја поврзува стратегијата со секојдневното оперативно работење?
(А не само табела со желби и бројки...)
Ги следиме ли финансиските резултати – вклучително и билансот на успех (P&L) – на месечно ниво?
(И разбираме ли зошто нешто е под или над план? Знаеме ли кој и како носи одлуки?)
Дали активно инвестираме во развојот на нашите луѓе – не само технички, туку и во стратешки и лидерски вештини?
(Бидејќи план без компетентен тим е само лист хартија.)
Ако сакате вистински да напредувате, време е да престанете со „ќе се снајдеме“ и да започнеме со свесно планирање и управување со работењето.