
Винарската визба е со капацитет од 17,5 милиони литри вино, кое го пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Винаријата „Сковин“ која пред неполна година примами инвеститор од Сингапур преку посебен холдинг, ќе го засилува производството, но и присуството на странските пазари, најави раководството на „Сковин“ на одбележувањето 41 година од основањето на винарницата.
Винарската визба е со капацитет од 17,5 милиони литри вино, кое го пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти.
Оваа македонска приказна за квалитетното македонско вино ја препознаа и нашите пријатели од Сингапур кои решија да инвестираат во овој божествен напиток. За таа цел е формирана „Балкан Холдингс ПТЕ. ЛТД“ во Сингапур, која што пред една година ги купи правата на брендот „Сковин“ продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од скопското виногорје. Вината имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали, а годинава се стекна и со признанието Супербренд на Македонија, рече Александар Тренчевски, генерален директор на „Сковин“.
Во делот на вината застапена е со различни типови на квалитет на вина, почнувајќи од трпезни вина, вина со стандарден квалитет наменети за пошироката публика и палета на висококвалитетни вина.
Русија, Јапонија и Кина се едни од пазарите кои се најбрзорастечки пазари во потрошувачката на вино во последните неколку години, каде постои голем потенцијал за пласман на македонското вино и градење на брендот на македонското вино во шише. Македонските вина можат да се најдат можат да се најдат и во Австралија, Канада, Сингапур и САД.