
Компанијата донира производи од своето портфолио, лебови, колачи и брашно за ранливите групи и семејствата што се наоѓаат во неповолна социјална состојба
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со донација на свои производи на Црвениот крст-Скопје, „Жито Лукс“ го одбележува 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладот.
Компанијата донира производи од своето портфолио, лебови, колачи и брашно за ранливите групи и семејствата што се наоѓаат во неповолна социјална состојба. Донираните производи ќе бидат распределени преку мрежата на канцеларијата на Црвениот крст.
Социјално загрозените семејства се редовно во фокусот на нашата општествено одговорна ангажираност. Наоѓаме начини и средства колку што може повеќе да помогнеме и да предизвикаме позитивна промена во секојдневието на овие семејства. Но недостатокот од средства за живот е реален проблем за многу од нив, и нашата цел е преку донации да бидеме дел од активната борба против гладот и посветеноста кон подобрување на квалитетот на животот на многу македонски семејства. Сакаме да веруваме дека и со оваа донација, со секоја претходна и со секоја следна, даваме позитивен придонес за општеството како целина, велат од „Жито Лукс“.