
Изборот го организираше националниот Совет за безбедност и здравје при работа
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Млекара АД-Битола“ е една од трите компании кои добија признанија за фирми со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа.
Плакетите ги додели министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Изборот го организираше националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика.
Согласно резултатите од работата на комисиите и оценувањето, покрај „Млекара АД-Битола“, добитници се и компаниите: „ГД Гранит“ и „Макстил АД-Скопје“.
Ова прогласување и доделување на наградите на компаниите го реализираме во текот на Европската недела за безбедност и здравје при работа (од 19 до 23 октомври) и со тоа, заедно со сите останати европски земји, земји-членки на ЕУ и кандидати за членство во Унијата, и нашата држава рамноправно се вклучува во одбележувањето на овие значајни датуми кои се целосно посветени на подигнувањето на свеста кај сите субјекти за прашањата поврзани со безбедноста и здравјето при работа, рече Шахпаска.