
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Контролите на Државниот пазарен инспекторат на повеќе од 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 до мај годинава просечните набавни цени на основните прехранбени производи и средствата за хигиена се зголемиле за 2,66 отсто, додека просечните продажни цени пораснале за 4,56 отсто.
Ова денеска го соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет, посочувајќи дека разликата меѓу набавните и продажните цени укажува оти дел од растот на малопродажните цени се должи на зголемените бруто-профитни маржи кај одредени трговци.
„Тоа значи дека дел од растот на малопродажните цени на прехранбените и другите производи се должи на бруто-профитната маржа што одредени трговци ја зголемиле оваа година. Кога се намалиле набавните цени, тие не ги намалиле и продажните цени“, рече Дурмиши.
Тој најави дека в понеделник ќе се одржи состанок со производителите и дистрибутерите, на кој се очекува да се разговара за набавните и продажните цени при набавка на големи количини производи.
Повикувајќи се на најновите податоци на Државниот завод за статистика, Дурмиши рече дека инфлацијата овој месец е намалена за 0,5 отсто, што, според него, покажува дека по неколку месеци е забележан тренд на намалување.
Цените на храната и безалкохолните пијалаци се намалиле за 1,1 отсто, додека цените во транспортот се пониски за 1,6 отсто.
Министерот се осврна и на анализата за периодот од март до јуни годинава, која покажала поинаков тренд кај производителите. Во овој период набавните цени се зголемиле за околу 2,04 отсто, додека продажните цени пораснале за само 0,16 отсто.
„Тоа значи дека трендот на зголемување на бруто-профитната маржа во последните месеци е намален и дека цените се во стабилна фаза“, додаде Дурмиши.
Во однос на потрошувачката кошничка, министерот информира дека прашањето било на дневен ред на денешната седница на Економско-социјалниот совет и дека моделот веќе бил разгледан од сите засегнати страни. Потрошувачката кошничка, како што посочи, ќе биде дел од националната стратегија.
Разгледувањето на ова прашање ќе продолжи и на следните седници на Советот, по што деталите ќе бидат објавени и достапни за јавноста.
Премиерот Христијан Мицкоски пред една недела изјави дека цените на основните прехранбени производи се негов личен приоритет и дека се анализираат производите што се вклучени во потрошувачката кошничка.
Тој најави детална анализа на околу 600 до 700 производи што статистички се следат, со цел да се утврди кои фактори влијаат врз нивните цени и каде постои простор за нивно дополнително намалување.
Според Мицкоски, доколку е потребно, ќе се анализираат секој производ и секоја фактура поединечно, а резултатите од процесот наскоро треба да бидат видливи на пазарот.