
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На седницата на Економско-социјалниот совет не се разговарало за животниот стандард на граѓаните, за платите или за евентуални мерки за подобрување на положбата на работниците. Главна тема, според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, бил Законот за високото образование.
Дурмиши изјави дека анализата што подолг период ја подготвувале надлежните институции покажала оти цените на основните прехранбени производи се стабилни.
Тој најави дека дополнително ќе се разговара со сите засегнати страни вклучени во синџирот на снабдување – од производителите до трговците, односно од нива до рафт.
Во однос на просечната минимална потрошувачка кошничка, Дурмиши посочи дека предложениот модел бил прифатен, но не од сите страни. Поради тоа, како што рече, ќе биде потребно дополнително време за усогласување на ставовите на сите чинители.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија реагираа дека на седницата се разговарало за прашања што не се од директен интерес за работниците.
Според претставникот на ССМ, Иван Пешевски, платите и животниот стандард на граѓаните воопшто не биле предмет на дискусија, што, според него, покажува дека тие прашања не се приоритет за Владата.
Од ССМ остануваат на ставот дека зголемувањето на платите и подобрувањето на безбедноста и здравјето при работа треба да бидат главните теми на кои Владата ќе посвети внимание, а дури потоа да се разгледуваат останатите прашања.
Годишната инфлација во Македонија во јуни изнесувала 3,4 проценти, откако во мај била 4,8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вредноста на синдикалната минимална кошничка за јуни 2026 година изнесувала 68.654 денари. За четиричлено семејство што живее во изнајмен стан со површина од 60 квадратни метри, потребните месечни трошоци достигнале 84.024 денари, посочуваат од ССМ.