
Стопанската комора на Македонија (СКМ) е прогласена за „Најкомора во регионот“, на традиционалната манифестација „Избор на најменаџер на југоисточна и средна Европа“ што се одржа во Сараево.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Стопанската комора на Македонија (СКМ) е прогласена за „Најкомора во регионот", на традиционалната манифестација „Избор на најменаџер на југоисточна и средна Европа" што се одржа во Сараево.
Друштвото со најдобрите менаџери од Југоисточна и Средна Европа е вистинска прилика човек да се почувствува горд на резултатите што може да ги постигне. Воедно, и да се запраша секој од нас што треба да направи за да се подобри ситуацијата во секоја земја посебно и во регионот. Позитивноста, упорноста и професионалноста се единствените работи со кои може да се оди напред, рече претседателот на СКМ, Бранко Азески.
Во рамки на манифестацијата беше одржана деловна конференција на тема „Регионалната стопанска соработка и развојот". Стопанственици и политичари на деловната конференција дискутираа за побрз развој и за поврзување на бизнисот во регионот. Поддржан е развојот на конзорциуми во регионот, по примерот како што сега тоа го прават градежниците.