
Gurmano испраќа гурмански поздрави од најмагичните предели на Македонија...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Невообичаена и интересна кампања на брендот Gurmano ги освои социјалните мрежи, прикажувајќи живописни фотографии од најмагичните предели на Македонија. Оригиналноста први ја препознаа љубителите на добра фотографија – на останатите, кампањата им укажа на преубавите краеви во нашата земја што можат да ги посетат во време кога сме принудени да се затвораме во сопствените граници.
Под хаштазите #domasiedoma и #gurmano, Gurmano испрати гурмански поздрави од Магаро – врвот на Галичица со импресивниот поглед на двете езера, Тресонче – родното место на Дичо Зограф, Штавица – македонскиот Холивуд, Јелак – шумскиот предел на магичната Шар Планина…Претставувањето на убавини и вкусови ќе продолжи во есенскиот и зимскиот период, со надеж дека ќе инспирира многумина да уживаат во нив.
Кампањата почна на 3 јули. Досега се објавени над 50 фотографии во стилот на старите разгледници. Креатор е агенцијата „Кликер маркетинг“.



Сакавме да покажеме дека и во вакво време може да се креира нешто ново, креативно, и позитивно. Спојот меѓу домашниот бренд Gurmano, македонските специјалитети и природни убавини претставени преку авторски фотографии се покажа како полн погодок. Кампањата многу брзо стана препознатлива и споделувана, изјави Верица Мартиновска, директорка на „Кликер маркетинг“.
Производите на Gurmano се 100% македонски, со суровини добиени главно од Пелагонискиот регион кој преку цела година е исклучително погоден за одгледување градинарски култури. Меѓу нив е и пиперката куртовска капија, чиј благ и месест плод со голема концентрација на витамини, шеќери и протеини е главна состојка на производите на Gurmano. Брендот е познат по својот модерен дизајн, совршен квалитет и оригиналните македонски рецепти во производството на зимница.