
Македонскиот бренд NOBULL… (www.justnobull.com), еден од брендовите на Македонија-Експорт, освои златна награда на престижниот фестивал MUSE Design Awards
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Македонскиот бренд NOBULL… (www.justnobull.com), еден од брендовите на Македонија-Експорт, освои златна награда на престижниот фестивал MUSE Design Awards, кој се одржува секоја година во Њујорк.
Станува збор за ииновативен концепт на бренд кој вклучува девет производи од категоријата слатки и солени закуски, произведени во четири фабрики во Македонија и во Србија (АД „Европа“, „Витаминка“, „Свислион“ ДОО и „Тако“ - Србија. Брендот е направен за светскиот пазар со фокус на американскиот и канадскиот пазар,
„NOBULL…” ја освои наградата во конкуренција од 3.942 пријавени апликации од целиот свет, меѓу кои и познатите брендови PlusOne, Walmart, Fiverr, Subaru USA, Cineplex, BBC Studio Events, KFC, Burberry Beauty, Hyundai, Mondelez International, Inc. (OREO), Disney+, SG Yamaha Motor Company и други.
Пакувањето на „NOBULL…” е изработено од Димитар Проданов, сопственик на креативното студио Omni Creative.
Иако работиме во свет кога многу нешта се кажани, сепак креативноста и дизајнерскиот потпис секогаш наоѓаат инспирација за автентичност, уникатност и оригиналност. Тоа го потврдува и дизајнот на „NOBULL…” и оваа награда што ме прави неизмерно горд и ме уверува дека во нашата индустрија може уште многу нешта да кажеме и направиме на поинаков и несекојдневен начин со што ќе дадеме дополнителна вредност на производите и услугите на клиентите, рече Проданов.