
„Перно Рикар“ ја отфрли традиционалната порака „Пиј одговорно“ поттикнувајќи ги посетителите на забавите да консумираат повеќе вода...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Перно Рикар“ ја отфрли традиционалната порака „Пиј одговорно“ поттикнувајќи ги посетителите на забавите да консумираат повеќе вода.
Со оглед на тоа што социјалниот живот на глобално ниво постепено се враќа во нормала по 18-месечниот минимален меѓучовечки контакт, програмата „Responsible Party“ (Одговорна забава), која се залага за спречување на злоупотребата на алкохол од младите, останува целосно посветена на борбата против прекумерното пиење.
Повторното отворање на баровите, клубовите и рестораните може да доведе до прекумерно пиење и штетно влијание на алкохолот врз младите луѓе. Затоа, програмата „Responsible Party“, која постои од 2009 година како плод од соработката на студентската мрежа „Еразмус“ и „Перно Рикар“, одлучи да ги интензивира напорите и да почне смела дигитална кампања.
Централниот спот „Drink More… Water“ (Пиј повеќе... вода), во времетраење од 50 секунди, прикажува колаж од снимки на пијани луѓе во различни непријатни ситуации. И покрај непријатното чувство што го предизвикуваат снимките, низ рекламата постојано се појавува пораката „Drink More“, создавајќи дополнително шокантно чувство. Сепак, на крајот пораката се комплетира во „Drink More… Water“, превртувајќи ги негативните чувства во еден важен, позитивен совет за младите. Кампањата ги потсетува „мангупите“ дека доколку сакаат да се чувствуваат добро и утредента, а не само вечерта, водата е најдобриот еликсир за „матна глава“.
Кампањата е создадена со помош на дигиталната агенција „Базман“, а покрај централниот спот, вклучува и печатени, онлајн и дигитални активности.