InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Познатиот бренд кечап Heinz почна нова кампања на пазарот во Бразил со цел да ги увери потрошувачите дека користи „вистински“ домати и да go прикаже природното потекло на својот производ.
Поради тоа, Heinz во соработка со адвертајзинг агенцијата „Африка“ смислија иновативен начин да ја покажат автентичноста на доматот што го употребуваат - ги преработиле етикетите на пакувањето за во себе да содржат семе од домат, со цел потрошувачите сами да можат да си одгледаат природни домати од видот кој го користи Heinz.
Од компанијата очекуваат дека со одгледувањето на сопствени домати, луѓето ќе негуваат разбирање за иницијалните процеси во производството на кечап, како што е изборот и бербата на доматот, пред производот да се готви и третира.
Со оваа акција, сакаме да покажеме дека нашиот кечап го има овој посебен вкус затоа што ние го ставаме доматот на прво место, од нашите семиња, Heinz семиња, кои ги садиме и ги одгледуваме дома. Етикетата која може да се засади го потврдува квалитетот и супериорноста на кечапот на Heinz, ја истакнува нашата главна состојка и го поканува потрошувачот да земе учество и да научи повеќе за овој процес, соопштија од Heinz.
Пакувањата со етикети кои можат да се садат се произведени во ограничен број и ќе се продаваат ограничено време. Со цел да се поттикне учеството на потрошувачите во кампањата, брендот ги покани да споделуваат фотографии од растенијата кои ги пораснале со дадените семиња, во замена за ресторански попусти.