
Длабоко под површината на морето, во близина на шведското туристичко место Смеген, се наоѓа бар на „Карлсберг“, кој предупредува за опасноста од пиење и пловење...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За да ги потсети луѓето да се воздржат од пиење алкохол додека се на море, „Карлсберг“ – Шведска постави подводен бар во туристичкото место Смеген на шведскиот западен брег.
Длабоко под површината на морето, во близина на шведското туристичко место Смеген, се наоѓа бар на „Карлсберг“, кој предупредува за опасноста од пиење и пловење.
Барот со назив „Don’t Drink and Boat“ (Не пиј додека пловиш), всушност го симболизира последниот круг на дното од морето, бидејќи тука ризикуваат да завршат тие што пловат со чамци и бродови под дејство на алкохол. Наместо тоа, подводниот бар ги поканува посетителите да се напијат безалкохолно пиво под надзор на локален водич за нуркање.
Просторот што го зафаќа барот е околу 3,5 метри во ширина и 2,5 метри во висина. Барот е целосно опремен со шанк, столчиња закотвени на морското дно, светлоцрвен неонски знак над шанкот, фрижидер и чепови за точење пиво, а на менито има само безалкохолно пиво.
Како голем производител и дистрибутер на пиво, имаме и голема одговорност за тоа како се консумираат нашите пијалаци, изјави Хенрик Бистром, менаџер за комуникации во „Карлсберг“ – Шведска.
Пловните несреќи и случаите со давење поради алкохол се во пораст во Шведска. „Карлсберг“ се повикува на студија од Шведската агенција за транспорт, која порастот на случаи на поморски несреќи го припишува на консумацијата на алкохол.