
Последните неколку години имаше обиди за редизајн на нашата Dorina, но никогаш не го видоа светлото на денот поради комплексноста на вкусовите кои во досегашните дизајнерски решенија беа прилично задушени
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Краш“ и „Студио Сонда“ се добитници на главната награда „Ред Дот“, една од највлијателните награди во светот на дизајнот, во категориите „бренд и комуникациски дизајн“ и „дизајн на пакување“ за новата амбалажа на чоколадото Dorina.
Ова е прва награда „Ред Дот“ за “Краш“, која е потврда на успешната пазарна трансформација и модернизација на долговечниот бренд Dorinа и го насочува целокупното работење на компанијата кон современите трендови. Новиот дизајн на Dorina потрошувачите го запознаа на почетокот на оваа година, а се одликува со современ код на карактеристична црвена боја и минимално изменет логотип за да потсетија на современ симбол на „смајли“. За презентацијата на повеќето од 20 вкусови користени се графички елементи на триаголници кои беа на првите чоколади на „Краш“ од 80-тите години на минатиот век. Притоа, приказот на вкусовите на „Дорина“ е стандардизиран, но и разработен да ја комуницира ширината на понудата. Новиот дизајн донесе и унапредување на амбалажата, во нови пакувања што целосно можат да се рециклираат, уште подобро ја чуваат свежината и го задржуваат квалитетот на производот.
Промената на амбалажата на препознатливите производи секогаш е предизвик. Последните неколку години имаше обиди за редизајн на нашата Dorina, но никогаш не го видоа светлото на денот поради комплексноста на вкусовите кои во досегашните дизајнерски решенија беа прилично задушени. Наградата е потврда дека успеавме да ја оствариме најважната цел - безвременски дизајн со елементи на модерен приказ на состојките, со истовремено оддавање чест на традицијата на „Краш“ и неспорниот квалитет, изјави Марина Кнежевиќ, директорка на маркетинг во „Краш“.
Dorina во минатите 26 години повеќе пати го менуваше изгледот, па, иако е еден од омилените чоколадни брендови на нашите простори, немаше целосно воспоставена доследност на брендот низ амбалажа, боја и препознатливост. Тука видовме простор за напредок и сакавме да ѝ подариме дизајн што ќе доведе до долгорочно подобра видливост на полиците и подобра перцепција за различните вкусови, обединети под единствен бренд, соопштија од „Студио Сонда“.
Наградата „Ред Дот“ се доделува од 1995 година и денеска се смета за една од највлијателните во светот на дизајнот. Пријавените дизајни ги оценуваше комисија од 24 стручњаци за дизајн и комуникација од цел свет.