
Heineken проектира реклами врз њујоршките канцеларии што работаат прекувремено...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Heineken проектира реклами врз њујоршките канцеларии што работаат прекувремено.
Жителите на американската метропола Њујорк, или градот што никогаш не спие, имаа можност да ја проследат новата герила маркетинг-кампања на пивскиот бренд Heineken.

Таргет на кампањата беа работниците во стресните њујоршки канцеларии кои работат прекувремено до доцна во ноќта.
Тимот на Heineken се опреми со проектор и се стационира наспроти деловните центри во Менхетен. На зградите на кои сè уште се гледаат по неколку вклучени светла, тимот проектира пораки повикувајќи ги вработените да се ослободат од стегите на прекувремената работа и да отворат едно ладно пиво.
Работите до доцна? – The Closer може да помогне / Време е за The Closer / Пробај го The Closer... се дел од проектираните реклами кои алудираат на отворачот за пиво „The Closer“ (Затворач). Станува збор за отворач за шишиња пиво од Heineken со вградена напредна технологија која ги исклучува сите дигитални уреди во близина кога со него ќе се отвори шише пиво. Иновативниот отворач беше промовиран во јуни годинава.
Како следен чекор Heineken планира пораките што беа проектирани врз њујоршките деловни згради да ги објави како печатени реклами во „Њујорк тајмс“.