
Новата герила-кампања на Colgate во Бразил промовира акции за орално здравје кај младите потврдувајќи ја моќта на оптимизмот со повисока цел...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новата герила-кампања на Colgate во Бразил промовира акции за орално здравје кај младите потврдувајќи ја моќта на оптимизмот со повисока цел.
Преку партнерство со невладината организација „Аутдор социал“, брендот за орална хигиена Colgate шири насмевки низ девет населби во четири града во Бразил. Герила-акцијата, која ги трансформира домовите на жителите од сиромашните бразилски населби во смешковци, е дел од глобалната кампања на Colgate – „Моќта на насмевката“ (The Power of a Smile).
Насмевките што ги красат фасадите на домовите се симбол на позитивност и се дел од планот на Colgate да внесе искра радост во сиромашните бразилски области. Препознатливиот мотив на насмевка е додаден меѓу паровите прозорци со кои формира уникатно „насмеано лице“.

Кампањата го користи психолошкиот феномен на пареидолија, што е тенденција за некоја форма да се перципира како да е човечки лик или животно. Затоа, со само два прозорци и една крива линија, луѓето во нивните глави создаваат слика на насмеано лице.
Жителите што ги изнајмиле фасадите на Colgate ќе бидат финансиски надоместени, а сите деца од јавните училишта на возраст од 11 до 17 години ќе добијат бесплатна орална нега од стоматолошки професионалци, вклучително и разговор за хигиената и за индивидуалните контролни прегледи. Се очекува во програмата да бидат вклучени околу 1.000 деца.