
Во рамки на кампањата, чија цел е да го издигне популарниот пијалак со осврт на трудовите на многу светски уметници, компанијата лансираше две минутен видео - спот и колекција дигитални колекционерски елементи за помладата публика
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во рамки на кампањата, чија цел е да го издигне популарниот пијалак со осврт на трудовите на многу светски уметници, компанијата лансираше две минутен видео - спот и колекција дигитални колекционерски елементи за помладата публика.
Спотот се темели на фотографија од шише coca-cola што ја креираше Енди Вархол во 1962 година, како почетна точка. Главниот лик на фотографијата ја пружа раката надвор од кадараот за да го зграби шишето од фотографијата на Вархол, пред да го лансира во сцени од други култни дела, како што се „Врисок“ на Мунк од 1895 година и „Бродолом“ на Тарнер од 1805 година.
„Ремек - дело“ ("Masterpiece") не е приказна во која се појавува Coca - Cola како бренд... Тука Coca-Cola самиот е приказна за себе, соопштија од компанијата.
Покрај тоа, „Кока кола“ покрена и онлајн галерија во која потрошувачите можат да погледнат краток филм и да истражат повеќе од десетина уметнички дела истакнати или прикажани во видео.
Кампањата почнува овој месец во Латинска Америка, потоа во Азија, а подоцна во тек на годината ќе се прошири и на другите пазари.
Погледнете:
Извор: Marketing Dive
Фото: Coca-Cola