
Пивото Victoria го слави искуството на мексиканската заедница во САД
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Имигрантите во САД секој ден се во потрага по подобар живот, а нивното патување честопати може да биде неизвесно и со изгубено чувство за припадност. Во тој контекст, брендот Victoria, кој се произведува во Мексико од 1865 година и е најстарото мексиканско лагер пиво, преку новата кампања се обидува да ги поддржи сите Мексиканци во САД.
Новата кампања на Victoria, насловена „Tu Victoria está aquí!“ (Твојата победа е тука!), ја слави културата на мексиканската заедница во САД.
Спотот ги слави истрајноста и успехот на бројни членови на заедницата кои успеале да се наметнат како врвни професионалци во различни сфери од животот.
Централниот спот на кампањата е колаж од снимки, луѓе и животни приказни, кои раскажуваат за нивното искуство во Соединетите Американски Држави. Во првиот дел од спотот тие се фокусираат на тешкотиите со кои се соочиле нивните родители или тие самите како имигранти или деца на имигранти. Дел од нив зборуваат и за дискриминацијата што ја искусиле, чувствувајќи се како странци во сопствената држава во која се родени.
Вториот дел од спотот е триумфален, славејќи ги напорите на мексиканската заедница во САД за зачувување и негување на сопствената култура, истакнувајќи ја гордоста од сопственото наследство. Дополнително, спотот ги слави истрајноста и успехот на бројни членови на заедницата кои успеале да се наметнат како врвни професионалци во различни сфери од животот, придонесувајќи за благосостојбата на нивната заедница и нивната заедничка држава.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција „Огилви“ – Чикаго, која за оваа кампања ги здружила колегите од мексиканско и шпанско потекло од неколку канцеларии во мрежата – од Чикаго, Лос Анџелес, Мајами и од Вашингтон.