InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Келог'с“ направи нова реклама за својот бренд Pringles, наречена „Can hands". Станува збор за серија кратки видеа што ќе се покажуваат во северна и во јужна Европа.
Така настанаа посебни филмови за пазарите на Велика Британија и Ирска, потоа за Северна Европа (Хрватска, Германија, Австрија, Швајцарија, Изреал, Грција, Холандија, Белгија, Полска, Романија, Унгарија, Финска, Данска, Шведска, Норвешка, Кипар, Малта, Латвија, Естонија) и јужна Европа (Франција, Шпанија, Италија и Португалија).
По успехот на кампањата „Can Hands" во Северна Америка, во соработка со агенцијата „Греј Лондон“ креиравме кампања за европскиот пазар. „Can Hands" продолжува да докажува дека Pringles е најдобар „снек“ за секоја прилика. Pringles е разигран бренд и тоа е пораката што сакавме да ја пратиме со оваа кампања. Блиско соработувајќи со агенцијата, знаевме дека разбираат што сакаме да постигнеме заедно ја претставивме разиграната страна на брендот преку „Can Hands". Сметаме дека обожавателите на Pringles ширум Европа ќе можат да се идентификуваат со оваа кампања и се надеваме дека ќе им измамиме насмевки, соопштија од маркетинг-секторот на Pringles за Европа.
Погледнете:
Извор: INB2B Media
Фото: Kellogg's